06 Мај, 2024
0.0231

Од ивент индустријата бараат итна средба со Заев до 29 март

Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Ивент индустријата во земјава не може да издржи во вакви услови и бара помош од институциите. 

Асоцијацијата на Ивент Индустријата преку отворено писмо до Владата побара средба со премиерот Зоран Заев или со некој од членовите на Владата најдоцна до 29 март, во спротивно најавија „решавање“ на проблемот на радикален начин. Од ИВАП се жалат дека целата заедница на компании која се занимава и работи во секторот за организација на настани е во незавидна и тешка состојба, а Владата како што велат и покрај тоа што им го ограничила правото да работат, не се обидела да им помогне.

„Веќе една година секторот не работи или работи делумно, со крајно ограничувачки де факто економски неисплатливи проекти. Тоа значи дека компаниите и вработените се оставени без основна можност за приход или заработка за живот. Се обидовме да бидеме конструктивни, придонесуваме во спречувањето за ширење на заразата, не вршевме притисок врз вас и имавме разбирање и за ситуацијата во која сите се наоѓаме. За жал, не го добивме истиот пристап и од Ваша страна“, се вели во отвореното писмо до Владата.

Од ИВАП велат дека пакетот мерки кој што бил наменет за нив, ниту е ставен во функција, а ниту пак ќе придонесе за олеснување на нивната состојба.

За итно решавање на проблемите бараат средба до 29 март, во спротивно велат ќе бидат приморани да го искористат правото решенијата да ги бараат на поинаков начин. Претходниот месец од Ивент индустријата изразија незадоволство од петтиот пакет мерки од Владата и го нарекоа „фрлање трошки“. Мерката 11 наменета за нив, во која се предвидени средства за организација на настани и реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, според нив не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021 година. Не им беше јасно ниту кои се тие проекти од државен интерес, кои ќе бидат критериумите за добивање проект, кој ќе добие помош, за кога се однесуваат проектите и слично.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?