09 Мај, 2024
0.0238

ОД ДЕНЕСКА КАЗНИ - можни се и кривични пријави за тие што ќе качуваат цени

Објавено во: Економија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска ќе има високи казни за тие што неосновано ги зголемуваат цените на основните производи, обидувајќи се да профитираат за време на криза.

Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши доцна синоќа на својот фејсбук профил, откако Владата ја прифати одлуката на неговиот ресор за замрзнување на цените на основните намирници.

„Владата го прифати предлогот на Министерството за Економија за забрана за зголемување на цените на продукти од страна на трговците.
Од утре високи казни за сите тие што ќе се обидат да им наштетат на граѓаните вклучувајќи и кривични пријави“, напиша Бектеши.

А Владата на вчерашната седница донела одлука за замрзнување на цените на основните продукти. Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е онаа што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март.

Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни произвои, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства, со состојба на денот за прогласување од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Оваа одлука ќе влезе на сила наредниот ден откако ќе се објаву во Службен весник.

А министерот Бектеши вчера, заедно со инспекторите на државните пазарни инспектори и директорот на Агенцијата за храна, направиле вонредна инспекција во дел од супермаркетите, од што тој објави и фотографии на фејсбук.

„Би сакал да апелирам до граѓаните дека нема простор за паника во врска со доволно залихи на храна“, напиша првиот човек на ресорот економија.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи реагираат зошто и заштитните маски не се ставени во оваа категорија на производи чии цени нема да смеат да се зголемуваат.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување