04 Мај, 2024
0.0276

OД БУЕНОС АИРЕС ЗА ФАКТОР: Koпнеам за пет минути надвор, кога ова ќе заврши многу ќе ја ценам слободата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Младиот Факундо Бохле од Буенос Аирес, Аргентина, по професија инженер за софтвери, за Фактор раскажува како го поминува времето за време на карантинот и колку очајно му недостига нормалниот тек на животот.

Аргентинската престолнина 17 дена, од 1 до 17 јули беше ставена во карантин, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Бохле вели дека му недостигаат барем 5 минути надвор, да може да шета слободно, но секое излегување надвор без причина носи ризик да биде уапсен.

„Првин, барем за мене, тоа не беше проблем. Престојот дома е нешто во што обично  уживам како инженер за софтвер. Но, после некое време ќе почнете да се чувствувате лошо, депресивно, со вознемиреност и да копнеете дури пет минути да бидете надвор, а тоа го правам обично кога купувам намирници. 1 од 24 аргентински области живеат скоро нормално, со упатства за безбедност и социјално растојание. Сепак, во Буенос Аирес ви е дозволено само да излезете да купувате намирници или да одите во болница“, раскажува ова момче.

Додава дека во неговата земја има дел од електоратот, луѓе кои се против карантин, и кои протестирале без маски, со што придонеле бројот на заразени да расте.

Бохле вели дека се придржува до сите мерки за заштита од вирусот.

„Го поминав времето работејќи, канцеларијата ми е затворена и сега работиме од дома. Потоа гледам филмови или разговарам по телефон со семејството. Забележав дека спијам до 12 часа на ден. Веројатно тоа е несакан ефект на карантинот. Јас користам маски и ги преземам сите мерки за безбедност што ги предлага Министерството за здравство. Генерално, е многу негативно. Голем број луѓе ги загубија своите работни места. Многу луѓе се чувствуваат депресивно. Но, сите знаеме дека тоа е за наше добро, затоа се согласуваме дека треба да го задржиме овој начин на живот засега. Кога сето ова ќе заврши, ќе спортувам, ќе излезам, ќе се сретнам со моите пријатели и ќе патувам многу. Јас ќе ја ценам мојата слобода повеќе од сè“, рече Бохле.

Инаку, тој е голем обоважател  на Македонија, иако никогаш не ја посетил, но е информиран за земјава, а има и пријатели Македонци.

Aргентина има повеќе од 114,783 потврдени случаи, а над 2.100 починаа од коронавирусот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен