04 Мај, 2024
0.0244

Од богатство до просјачки стап: Ова се десетте најстрашни банкроти на славните!

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Од милионери, до просјаци. Луксузниот живот, правните проблеми и расипништвото си ги зема своите даноци. Ова се најстрашните 10 банкроти на славни личности. Погледнете кои! Елтон Џон (Банкрот во 2002 година) Сер Елтон живееше на висока нога на својот  огромен имот во Виндзор, а поседуваше имоти и во Велика Британија, Америка и Франција, како и 20 луксузни автомобили. Сепак, кога БиБиСи објави дека е пред банкрот, се шпекулираше дека има трошел месечно по најмалку 400.000 долари  секој месец, како и дека потрошил неверојатни 55 милиони долари за само 20 месеци! Тој презеде законски мерки против својот сметководител, но во судскиот случај беше откриено дека 450 илјади долари издвоил само за цвеќиња во текот на 20-те месеци прекумерно трошење. Винс и Линда МекМахон (Банкрот во 1976) Мозокот зад „World Wrestling Entertainment“ повеќе од јасно станало дека немал добар менаџер за финансии на почетокот од кариерата. Двојката беше во минус од 1 милион долари кога почна да им цвета  империјата.  И секако , воопшто не им се допаднаа на властите кога беше утврдено дека должат над 142 илјади долари дамо за неплатени даноци и тоа за над пет години. ЕмСи Хамер (Ванкрот во 1996 година) Стенли Кирк Барел, како што беше вистинското име на оваа рап ѕвезда, е најпознатата славна личности со најмногу скандали при трошењето пари. По  пријавената заработка од 33 милиони долари во 1991 година, за неколку години успеа да влезе во долгови во вредност од 14 милиони долари во времето кога поднесува барање за стечај. Овие долгови вклучуваат тркачки коњи, 17 автомобили, авион, издавачка куќа и дом на имотот од  12 акри, кој беше купен за 30 милиони долари и понуден на продажба за 6.8 милиони долари откако објави дека е под стечај. Исто така не треба да се заборават и половина милион долари кои ги должи на Дејон Сандерс според документите. ЕмСи Хамер  трошел по  половина милион долари месечно и на својот тим од  200 луѓе, покажале извештаите. Сепак, тој најавува враќање назад. Според најавите, тој е во процес на создавање на свој пребарувач, наречен „WireDoo“, кој ќе се натпреварува со Гугл и пребарувачот на Мајрософт, Бинг. Ова би можело да биде профитабилен бизнис потфат за него ?!? Тони Брекстон (Банкрот во 1998 година и повторно во 2010) По нејзиниот албум Сикрет кој постигна платиниумски тираж со број 1 хитовите " You’re Makin’ Me High” and “Un-Break My Heart,”, Брекстон стана славна преку ноќ. Но, и покрај продажбата на 25 милиони албуми ширум светот, таа прогласи стечај во 1998 година по минусот од 20илјади долари на „American Express“ сметката и месечни трошоци од над 43 илјади долари. Но се чини дека не ја научи лекцијата, па во 2010 година, славната пејачка банкротираше по втор пат со долг висок 50 милиони долари. Мајк Тајсон (Банкрот во 2003) По правни проблеми поврзани со обвинувањата за сексуален напад , поранешниот боксерски шампион банкротираше поради адвокатските такси - и се разбира, поради расипничкото трошење. Во 2003 година, Њујорк тајмс објави статија под наслов "Банкротот на Тајсон е лекција за тоа како да уништиш цело богатство." Во написот се наведува дека и покрај тоа што направил  400 милиони долари во преку 20 години кариера како бокс сензација, тој банкротираше поради лудото трошење на накит, забави , па дури за тигрите кои ги чуваше како домашни миленичиња. Една од неговите последни екстравагантности се случи на 22-ри декември, кога Тајсон влегол во Лас Вегас во продавница за накит и земал 173 706 долари вресен златен ланец, обрабен со 80 карати во дијаманти. Но, тој никогаш не платил за скапиот накит, кој влегол во неговите вкупни долгови од 23 милиони долари кои ги утврдил судот во Менхетен, пишува , Њујорк тајмс . Лени Декстра (стечај во 2009) Безбол ѕвездата и (иако апсурдно) инвестицискиот гуру не толку одамна поднесе барање за стечај благодарение на неразумниот  бизнис потфат – луксизно списание славните спортисти-милионери наречено „ The Players Club“. Не само што беше во банкрот , неговиот бизнис резултираше и со 20 тужби. Неодамна, тој беше осуден за стечајна измама – и се соочува со казна затвор до 20 години поради криење спортски сувенири и други предмети од извршителите, кои подоцн ги ставил на продажба. Мајкл Вик (Банкротира во 2008 година) Фудбалската ѕвезда Мајкл Вик се соочува со финансиски тешкотии како директен резултат на правните проблеми со кои се соочи поради борбите со кучиња. Во 2007 тимот на „Atlanta Falcons “, побара тој да им надомести 20 милиони долари од вкупниот бонус вреден 37 милиони. Како резултат на тоа, Вик е зад решетки во 2008 година и ецелосно банкроиран. Полека почна да станува на нозе, но ќе му биде потребно уште долго време и добро поведение за да се врати назад. Според  извештајот во 2010 од страна ESPN, две третини од секој долар кој Вик ќе го заработи во првите неколку години, оди  директно во џебот на доверителите и за даноци. Остатокот од парите му е строго контролиран како на мало дете. Неговите кредитори треба да земат 12 милиони долари до 2015 година, бидејќи Вик сеуѓте добива милионска плата. Сепак се чини дека самиот тој тешко ќе собере пари во скоро време. Берт Рејнолдс (Банкротира  во 1996 година) Ако мислите дека веста за разводот на Том Круз и Кејти Холмс  е крај на една скапа и заплеткана Холивудска приказна, доволно е да се спомене разводот на Барт и Лони Андерсон. Заплетканиот процес Барт го чинеше 10 милиони долари долгови, со што го снема неговиот екстравагантен начин на живот, а му пропадна и синџирот ресторани во Флорида. Проблемите со долговите не престанаа тука, бидејќи банките неодамна се заканија дека ќе го запленат и неговиот  луксизен имот во Флорида за да наплатат долг од  1.2 милиони долари. До неодамна, тој сеуште и  должеше на Калифорнија 225.000 долари за неплатени  даноци во период од околу 15 години. Ен Никол Смит (Банкрот во 1996 година) Секси Плејбој зајачицата во нејзините доцни 20-ти, Ен Никол Смит, се омажи со стариот, но богат Ј. Хауард Маршал, кој направи богатство од 1,6 милијарди долари во нафтената индустрија. Тие се венчаа, а по 14 месеци, Маршал почина. Смит очекуваше да ги наследи парите но судот одлучи дека нема да добие ништо. Како резултат на ова салдото од 400 милиони долари стигна до нула и тоа резултираше во стечај. Ен Никол Смит водеше проблематичен живот, вклучувајќи и злоупотреба на дрога, а почина под неразјаснети околности во 2006 година. Лоренс Тејлор (Банкротираше во 2009-та) За време на врвот на неговата слава стана еден од само двајцата одбранбени играчи кои ја добиле наградата „NFL Most Valuable Player“. Заработуваше многу, но трошеше уште повеќе на дрога и на повеќедневни луди забави. Лошите бизнис одлуки, исто така, дополнително му ги уништија финансиите, особено во 1993 година кога вложи во „All-Pro Products“ што пропадна за помалку од една година. Потоа, во 1997 година, Тејлор се изјасни за виновен за поднесување лажни даночни пријави на крајот на неговата фудбалска кариера. Проблемите само се влошија кога парите запреа да стигаат, а правните проблеми и неплаќањето на законските давачки го зедоа својот данок.