02 Мај, 2024
0.0273

Од 6-ти до 9-ти месецов се одржува Седмата конференција за платните системи

Објавено во: Економија 06 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Од 6-ти до 9-ти овој месец, Народната банка на Република Македонија во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира Седмата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност.

Конференцијата е од меѓународен карактер и на истата ќе земат учество претставници од деловните банки, клириншките институции и Министерството за финансии на Република Македонија, претставници од централните банки на Бугарија, Полска, Словачка, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и на Чешка, како и претставници на „Еуроклиар“ (Euroclear) и „Комерцбанк“ (Commerzbank).

Како што информираат од НБРМ, се очекува оваа конференција да придонесе за збогатување на познавањата на домашните експерти од областа на платните системи, со што би се подигнале капацитетите за непречена интеграција на Република Македонија во Европската Унија, како и подобрување на оперативната подготвеност на Народната банка на Република Македонија за приклучување во системот на Европските централни банки во делот на плаќањата.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?