ОЧЕКУВААТ ПО 20.000 ЗАРАЗЕНИ ДНЕВНО: Министер за здравство вели дека не се гледа крајот на пандемијата
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Октомври, 2021 16:14
Песимистички прогнози доаѓаат од Романија. Привремениот романски министер за здравство Чеке Атила изјави дека сега не се гледа крајот на пандемијата на коронавирусот во таа земја.
Тој вели дека е можно да имаат по 20.000 заразени на ден.
„Не е на повидок крајот на пандемијата, ниту прогноза. Слушаме секакви прогнози и мислења. Се разбира, тие се важни, но некои се реализираат, додека други не се, како што се случи со другите бранови“, вели романскиот министер за здравство.
Тој изјави дека Романија се уште не е на врвот на пандемијата. Во Романија состојбата се влоши. Граѓаните излегуваа на протести, затоа што се против имунизација и рестрикции за невакцинираните. Имаше и три пожари во ковид болници за период од година дена. Во регионот, и Србија е со многу лоша епидемиолошка состојба.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




