16 Мај, 2024
0.0342

Кондовски за 2022: Очекувам крај на здравствената, енергетската и суровинската криза и отпочнување на преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Треба да ја замениме тезата на добар опстанок во теза на  забрзан развој во иднина. За Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен брокер АД Битола,  главните очекувања  за 2022 година се непосредно условени од низата чекори кои треба да се превземат на економски план.  Вели, „Непходен е моментот да се раздвижи финансискиот пазар,а со тоа да се стабилизираат домашните играчи од небанкарскиот финасиски сектор и да водат долгорочни развојни политики’’.Оптимистички проектира наѕирање на крајот на здравствената, енергетската и суровинската криза, но очекува и конечно отпочнување на преговорите со ЕУ.

Нашата национална макроекономија во основа е мала и покрај тоа што е поврзана со глобалната економија се уште се однесува атипично, односно не се однесува правопропорционално во целост со глобалната економија. Како и во секоја ситуација при анализа имаме предности и недостатоци.

Недостатоците на мала економија добро ги знаеме, но кога ги гледаме предностите на таа мала економија добро ќе видиме дека многу полесно се справуваме со кризата и многу малку повредени можеме да излеземе од истата.

Здравствената криза трае подолго и таа криза бавно ќе поминува. Сметам дека претходново е веќе апсолвирано од домашните економски играчи, односно домашните економски субјекти се однесуваат соодветно.

Очекувам однесувањето да биде согласно макро економските правила, а тоа е во услови на криза да се зголеми јавната потрошувачка и тоа по добро организирана стратегија не само на јавната потрошувачка, туку стратегија и за временската распределба по принципот токму на време, кој пак ќе предизвика мултипликација на економскиот раст.

Мојот заклучок е дека со добро организирана и зголемена јавна потрошувачка од страна на државата, со точно определени рокови и со следење на секундарните ефекти од таа јавна потрошувачка, можеме не само да очекуваме справување со тековната криза, туку и позитивни ефекти од истата.

Зголемените расходи од државата секако во најголем дел би биле од задолжување и тоа не е проблем. Предизвикот е во реорганизација на легислативата на финансискиот систем кој кај нас е неразвиен, односно е на 7 % од европскиот просек. Доколку се реорганизира финансискиот пазар, односно се стимулира неговата динамика и директно и индиректно истиот се зацврстува и расте, би немале проблем во иднина да ги сервисираме задолжувањата кои пак се неопходни во време на глобална економска криза.

Параметрите на домашната економија ни се добро познати и заклучокот  е дека нашата економија добро се справува со опстанокот, а сето тоа како последица на минималниот раст на нашата економија и во услови на глобални кризи.

Но, јас би рекол и сум на јасен став дека треба да ја промениме тезата. Новата теза да биде заснована на развојна макро економска политика која ќе го стимулира домашниот финансиски пазар. Прашање на време е кога нашата национална економија уште повеќе ќе се интегрира во европската економија. Нашата компаративна предност не е ниту кумулацијата на капитал и економијата од обем, ниту добрите безбедносни механизми за заштита на националните економски играчи.

Нашата компаративна предност би била во припремање на домашните финансиски играчи со нивна стимулација за времето кога freedom of establishment  & freedom of service ќе станат реалност. А тоа значи дека европските услуги ќе станат достапни за нас и нашите услуги ќе станат достапни за европскиот пазар.

Добрата реорганизација на нашиот финансиски  пазар, стабилните, но либерални улови на пазарот, механизмите за заштита и стимулирањето на домашните финансиски играчи се предуслов за да се замени тезата на добар опстанок во теза на  забрзан развој во иднина.

Благодарение на добрата диверзификација која ја има СН Групацијата, во делот на услугите кои ги нуди,  осигурување, кредитирање, технички преглед, инвестициски пласмани преку приватни фондови итн, имавме добра година во поглед на реализацијата на плановите. 

Кога би се задржал на најраспространетиот сегмент, односно осигурително брокерските работи, ќе констатираме дека СН Осигурителен брокер ја задржува лидерската позиција и годинава има раст од 20% во поглед на бруто полисираната премија. Односно СН Осигурителен Брокер ќе има полисирана премија од 800.0000.000 мкд. Премијата има одлична диверзификација во поглед на класите на осигурување. Особено сме задоволни од спроведувањето на стратешката определба и нејзиното спроведување за раст на класите на осигурување од незадолжителен карактер. Исто така СН Осигурителен Брокер работи со население и приватни субјекти во 90% од неговото портфолио. Продолжуваме стратегија на диверзификација по клиенти притоа запазувајќи го принципот на намалена концентрација на ризик по поединечен субјект.

Стратегијата за наредната година со оглед на тоа што сме задоволни од апсолутните бројки и показатели ќе биде недвосмислена стабилизација во делот на побарувањата кои ги имаме, ограничен раст се со цел стабилизација до 10%, поголема  институционализација во поглед на системското работење.

Стратешка определба е тивко, бавно и стабилно влегување на надворешни пазари и уште поголема институционална поставеност во градот Скопје .

Во 2022 година очекувам да се постават постулатите на крајот на здравствената, енергетската и суровинската криза.  Кога тоа ќе се постави врз база на идните очекувања да се стабилизира реалниот сектор, туристичкиот сектор и угостителскиот сектор. Непходен е моментот да се раздвижи финансискиот пазар, како што напоменав погоре, а со тоа да се стабилизираат домашните играчи од небанкарскиот финасиски сектор и да водат долгорочни развојни политики.

Очекувам отпочнување на преговорите со ЕУ.

Како корпоративен менаџер во небанкарскиот финансиски сектор, посебно во делот на осигурувањето  очекувам со развојот на финансискиот пазар во нашата држава да бидиме повеќе сериозно и повеќе стратешки прифатени од страна на самото макро економско опружување. Јас лично со развојот и стабилизацијата пред се очекувам да имаме повеќе време за своите семејства.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер