02 Мај, 2024
0.4115

Обвинителката нема да одговара за условната казна за сообраќајката кај „Млечен“

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители нема да превземе ништо против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, објави Наташа Димитриевска, сопругата на  Гоце Димитриевски, кој пред две години беше усмртен од возач на џип кај „Млечен“ а потоа доби само условна казна.

Димитриевска исто така беше на мотоциклот кој го управуваше Гоце и го загуби плодот во сообраќајната несреќа. За пресудата пред неколку месеци објави семејството на починатиот на социјалните мрежи, по што јавноста се крена на нозе, а реагираше дури и опозицијата.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ се најде прва на удар на досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен Васил Чорбаџиев кој со џип ги прегази сопружниците пред две години кај „Млечен ресторан“ во Скопје, но потоа таа објаснуваше дека добила такво обвинение од  Бундалевска Ѓорѓиевска.

„Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе“.

Стручниот колегиум на ВЈО Скопје утврдил дека по конкретниот кривичен предмет е постапувано правилно и согласно законските прописи и во конкретниот случај јавнообвинителските одлуки се носени откако се прибавени сите докази, информации и известувања кои јавниот обвинител сметал дека се потребни за правилно и законито одлучување, односно за донесување на мериторна јавнообвинителска одлука“, цитиран е Советот на јавни обвинители.од страна на Димитриевска, која и самат се стекна со тешки телесни повреди во сообраќајката.

Во судското образложение стои дека Чорбаџиев не бил претходно осудуван и не возел под дејство на алкохол.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично