16 Мај, 2024
0.0279

Обука „Автентично женско лидерство“

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Поаѓајќи од неопходноста на што повеќе жени на водечки позиции во компаниите, не само како вредна социјална цел, туку како корисна за подобрување на бизнис климата во компаниите, Momentis со задоволство ja организираше и Ви ја најавува еднодневната обука „Автентично женско лидерство” што ќе се одржи на 23 март во Скопје.. Обуката има за цел да одговори на специфичните предизвици, на жените на високи раководни позиции, да иницира размислување на премолчуваната тема за родовите предрасуди во светот на бизнисот денес и да посочи структура и методи за позиционирање на жената во предоминантниот машки корпоративен свет, без притоа таа да усвојува туѓ стил, туку да изгради свој автентичен лидерски систем на вредности, со кој компанијата ќе се издигне на повисоко рамниште. Обуката е во месецот на жените, кога сите на свој начин ја искажуваме почитта кон нив. Со ова програма сакаме да го насочиме вниманието кон жените кои успешно балансираат помеѓу приватниот живот и кариерата. Средбата со нив ја одржуваме на почетокот на пролетта за да нагласиме дека со континуираниот труд што го вложуваат во својата работа и во професионалната надградба, тие всушност и симболично и суштински стануваат предвесници и иницијатори на промени за генерациите жени кои доаѓаат. Опис на обуката: Живееме во предоминатно машко општество во кое корпоративниот свет сеуште претставува “клуб на мажи”. Прашањето е како да се избориме за еднаквост, а да не ја загубиме нашата автентичност. Обуката за Женското Лидерство е храбра и истражувачка програма која ги покренува и најпровокативните прашања со кои се соочуваат жените на високо раководни функции. Воедно нуди структура, како разликите и предизвиците да се претворат во предност и подготвено да се прејде на следното лидерско ниво. Резултати:
  • Усовршени лидерски вештини
  • Зголемена самодоверба • Способност за донесување на одлуки
  • Креирање на стратешка бизнис мрежа • Слобода за критичо размислување
  • Усвојување на коучинг принципи за личен и деловен менаџмент
Oбучувач: Тамара Томовиќ е доктор по медицина, сертифицран бизнис коуч, MHS тренер за емоционална интелигенција и РЕБТ терапевт.  Има 20 год. лидерско искуство на високо раководни функции во мултинационални компании во Србија и во неколку западни земји. Носител е на повеќе признанија меѓу кои: Global standards of leadership award од компанијата Johnson & Johnson. Пријавување и повеќе информации на : info@momentis.mk или 072 700553 и 071 314112 Изјава на Тамара Tомовиќ: UntitledСпоред актуелните статистички анализи, може да се забележи дека на пазарот на трудот застапеноста на жените и на мажите е подеднаква. Ситуацијата е слична и на нивото на среден менаџмент, додека воочливи разлики има во оние ситуации кога се прави селекција на кадар за повисоки раководни функции, каде што има многу повеќе мажи отколку жени. Во последниот извештај на Catalysta, меѓу 500-те најуспешни компании според (Forbes), во Бордот се наогаат 19,2% жени, а само 4% се CEO-a. Интересни се податоците кои укажуваат на тоа дека компаниите во кои има повеќе жени на високи раководни функции, имаат подобри финансиски резултати. Се укажува на тоа дека жените имаат поразвиени способности за подобра проценка на ризикот, покажуваат поголема иницијатива и имаат подобар однос со клиентите. Коренот на причината поради која нема голем број на жени на раководни позиции е можеби и во нивното стекнато однесување, да не се борат доволно за себе, да не ги истакнуваат доволно своите заслуги и не доволната асертивност. За да се подобри финансискиот перформанс на една компанија, треба да се поддржуваат жените, да се охрабрат во своето деловно однесување, низ емоционална интелегенција, која може да допринесе да бидат конструктивни и значен сегмент за успех на една компанијата. Програмата не е феминистички манифест, туку укажува на разликите помеѓу жените и мажите, кои може да им помогнат на жените поуспешно да раководат и подобро да соработуваат со колегите. Јас бев на високи раководни позиции во мултинационални компании. Свесна сум со кои предизвици се соочуваат жените и зошто понекогаш одлучуваат да се повлечат и да не се изложуваат на дополнителен стрес. Своето лично искуство, знаење и познавање на човечкото тело и психа, го прилагодив во оваа обука и имам голема желба да им ги пренесам техниките и методите преку кои можат да бидат поуспешни, да имаат подобар баланс за да бидат продуктивни и задоволни, долгорочно.  

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“