19 Мај, 2024
0.0268

Објавени владините трошоци: Чекавме високи странски делегации и пак сме поскромни

Објавено во: Економија 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември минатата година, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година, кои изнесуваат 41.405.076 денари, покажува најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите од актуелниот владин состав.

– Вкупните угостителски услуги во држвава и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 година изнесуваат 7.066.165 денари и се за 2,7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 кога биле 19. 132.121 денар. Овие сериозно намалени трошоци се резултат на скратените непродуктивни плаќања, и тоа во период на интензивни посети на странски делегации на државата кога секој ден, а во некои наврати и повеќе пати на ден, високи владини делегации ја посетуваа земјата како гости на владата на РСМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека се за одбележување намалените вкупни трошоци за мобилен телефон во висина од 772.286 денари во 2018 година во периодот од јуни до ноември, додека во истиот период во 2015 година трошоците за разговори на мобилен достигнале сума од 2. 602.543.денари, што е кратење на трошоците за повеќе од три пати .

Уште повидлива е, стои во соопштението, разликата и во висината на трошоците за авионски карти. Ако во 2015 година, Владата предводена од Никола Груевски потрошила 11.804.083 денари, кога земјата беше во длабока политичка изолација, во 2018 година се потрошени три пати помалку, односно 4.815. 198 денари, во период на најинтензивни преговори за напредок на нашите евро-атлантски интеграции.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници