Обдукцијата заврши, телата предадени на семејствата
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Завршена е обдукцијата на загинатите патници од автобусот кој се преврте кај Карпалак. Од судска медицина синоќа и денеска работеа на утврдување на причините за смртта на 14-те патници.
Од судска медицина велат дека идентификацијата на телата била брза, бидејќи речиси сите од загинатите носеле лични документи кои биле пронајдени покрај нив. Сите тела се предадени на нивните семејства.