Обама се подготвува да предложи дополнителен данок врз нафтата
Објавено во: Економија, Свет 05 Февруари, 2016
Американскиот претседател Барак Обама сака да предложи нов данок - секој барел добиен нафта да се оданочува со 10 долари.
Собраните пари ќе бидат наменети за спроведување на еколошки транспортни проекти, информира BBC.
Воведувањето на данокот ќе овозможи секоја година да се собираат во благајна дополнително по неколку десетици милијарди долари, од кои 20 милијарди долари ќе бидат потрошени за инфраструктурни проекти, а уште 2 милијарди - за истражувања во областа на еколошките видови транспорт. Со овој данок ќе можеме да размислиме за иднината, поврзана со чисти технологии, аргументира американскиот претседател. Обама планира официјално да го објави овој предлог следната недела, кога ќе се дискутира за буџетските проекти за следната година, соопштија од администрацијата на Белата куќа.
Според британските медиуми овој предлог има мала шанса да биде прифатен од Конгресот. Нема шанси тоа нешто да помине, бидејќи ќе ја зголеми цената на бензинот, сметаат од BBC.