Добивај вести на Viber
Претседателот на САД Барак Обама ќе допатува на 26. март во Брисел за да учествува на самитот ЕУ-САД, изјавија извори во ЕУ.
Овој собир се очекува да му овозможи на Обама да ги поправи врските со ЕУ по тензиите настанати поради откритијата дека Вашингтон спроведувал шпионирање на своите клучни европски сојузници.
Лидерите на самитот, исто така, треба да ги разгледаат преговорите на двете страни за создавање на најголемата слободна зона за трговија на светот, за да го поттикнат растот на економиите и отворање работни места.