03 Мај, 2024
0.0255

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

За децата чоколадното млеко секогаш претставува најголема радост преточена во чаша, нема дете што не би посегнало по чоколадно млеко. А кај возрасните покрај задоволството на вкусен чоколаден напиток, уште и го има ефектот на будење спомени и враќање во детството. Како и да е, овој пијалак е омилен и неодолив за многу генерации, а во својот состав носи нутритивни и хранливи вредности кои имаат значајни придобивки за здравствената состојба.

Да започнеме од спојот на млекото со какаото, првото е неприкосновено во снабдување на организмот со протеини, а какаото, пак е најпознатиот антиоксиданс.

Тоа е основното што го добивате од чоколадното млеко, но понатаму придобивките се прошируваат од подобрување на расположението до сеопфатно влијание врз повеќе процеси во организмот.

Природниот состав на млекото е вода, но остатокот од тоа се протеини, јагленихидрати, масти, минерали како калциум, калиум, витамини и други хранливи материи. Неговата висока содржина на вода ги надополнува течностите и електролитите во организмот, што посебно се губат при вежбање или во лето.Исто така, протеините во млекото содржат сурутка и аминокиселини, коишто се многу важни за нормалното функционирање на човечкиот организам.

Чоколадното млеко значи внесување на моќните флавоноидни антиоксиданти, соединенија кои се состојка на какаото, а влијаат врз стимулирање на циркулацијата во крвните садови во мозочните центри за меморија и учење и поттикнување поголема активност. Од какаото, кое е главна состојка на чоколадното млеко, произлегуваат и други здравствени придобивки како намалување на воспаленија, подобрување на здравјето на срцето и мозокот, регулирање на шеќерот во крвта, контрола на телесната тежина. Какаото придонесува и за здрави заби и кожа.

Во чоколадното како и во обичното млеко, застапени се витамините А, Д и Б12 и минералите фосфор и калиум. Сето ова заедно, со основни хранливи состојки, помагаат во зајакнување на коските и градба на мускулите.

Уникатната мешавина на јагленихидрати и протеини присутна во чоколадното млеко, е идеална за закрепнување на изморените мускули. Така, чоколадното млеко земено во целост, со хранливоста и од млекото и од какаото, обезбедува важни хранливи материи и носи голема корист за здравјето. Покрај овие придобивки, чоколадно млеко нуди и моменти на вистинско уживање. Моја Кравица чоколадно млеко е вистинско уживање за секој ден, со богат чоколаден млечен вкус, направено од темно, млечно чоколадо и млеко - идеално за моменти на релаксација, за најмалите, во замена за десерт или за возрасните, како награда по напорниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија