05 Мај, 2024
0.0244

Нуделе говедско, а ставале коњско месо во плескавиците

Објавено во: Агробизнис 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Коњско месо е откриено во бургерите од говедско што се продавале на територијата на Република Ирска и Велика Британија, соопшти денеска Агенцијата за здрава и безбедна храна во Даблин.

Меленото месо, подготвено за правење бургери (плескавици) е произведено во месната индустрија во Ирска и во фабриката за месни производи во англиската област Јоркшир. Иако во анализата се наведува дека коњското месо не е штетно за луѓето, Ирците остро го осудија ваквото однесувањето на производителите на месо.

„Во културата на Ирците нема место за јадење коњско месо, па затоа најмалку очекуваме да го најдеме во бургерите, изјави претставникот на Агенцијата за здрава и безбедна храна.

Анализата покажала дека во бургерите на ирскиот и на британскиот пазар, освен коњско, имало и свинско месо. Ова откритие предизвика револт кај потрошувачите од муслиманска вероисповест, кои традиционално не јадат свинско месо.

Бургерите помешани со коњско месо се продавани во ирската трговска мрежа, но и преку синџирот самопослуги и супермаркети на британското „Теско“ на исландскиот „Ајсленд“, како и на германските „Лидл“ и „Алди“.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?