19 Мај, 2024
0.1527

Ново задолжување во вторник: Се зголемуваат каматните стапки за да се соберат повеќе пари?

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во вторник, државата преку Министерството за финансии повторно ќе се задолжи за да се раздолжува. Според официјалните податоци, на аукцијата во вторник државата планира да земе вкупно 813 илјади евра, а веќе следниот ден истата сума треба да биде раздолжена.

Но, дали Министерството за финансии ќе земе само толку пари колку што треба да врати, или повеќе од сумата што доспева за раздолжување, како што е случај со последните неколку аукции ќе се знае откако ќе заврши аукцијата. Од ресорното министервото не откриваат дали на оваа аукција ќе се земе толку колку што треба да се вратат или повеќе,  ниту пак одговараат зошто на последните аукции станува пракса да се земаат речиси секогаш двојно повеќе пари од сумата која достасува за враќање?

Според објавените податоци,  планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.

Само од почетокот на годинава, одржани се три аукции на државни хартии од вредност, на кои државата зема вкупно 62,5 милиони евра, што е 32,5  милиони евра повеќе од сумата која стигнува за раздолжување.

Државата го засили притисоко врз домашниот пазар, и постојано се задолжува повеќе од сумата што треба да се врати, иако и опозицијата и експертската јавност постојано укажуваат дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.

Сето ова се случува во ситуација кога и самиот министер за финансии Зоран Ставрески најави дека со земањето на еврообврзницата од 270 милиони евра се покриени сите буџетски потреби до средината на годината.

Државните хартии од вредност се нудат со повисоки каматни стапки

Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.

И на аукциите најавени за вторник, може да се забележи дека државата ги продава хартиите од вредност со повисоки каматни стапки.

Еве како изгледале каматните стапки на 3 месечните хартии од вредност на претходните аукции. Три месечни хартии од вредност биле понудени во октомрви, ноември и декември минатата година, и сега во јануари. Во октомрви каматната стапка била 1,25%, во ноември и декември била 1,35%, додека во јанури, односно на аукцијата што ќе се одржи во вторник изнесуваат1,60%.

Каматни стапки за 3 месечни обврзници

  • Октомври 2015             1,25%
  • Ноември 2015               1,35%
  • Декември 2015              1,35%
  • Јануари 2016                1,60%

На десет годишните хартии од вредност што се нудат на аукцијата закажана за вторник, има две каматни стапки, едната е 3,70%, а другата е со 3,90%.  При тоа, во сите месеци од 2015 година, кога се нудела оваа десет годишна обврзница, каматната стапка изнесувала 3,80%

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат