01 Ноември, 2024
0.0261

Ново партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“

Трите компании се здружуваат за да овозможат најдобро доживување при гледањето на видео содржини со помош на HDR10+ технологија

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Новото партнерство помеѓу трите големи компании – “20th Century Fox“, “Panasonic Corporation“и“Samsung Electronics“, ќе обезбеди создавање на отворена платформа HDR10+ која ќе им овозможи на корисниците најдобро доживување при гледањето на видео содржините.

Овие три компании заедно ќе формираат единица за издавање на лиценци која од јануари, 2018 година ќе почне да издава лиценци за HDR10+. Лиценците ќе се издаваат на компании кои креираат содржини, на произведувачите на телевизори со ултрависока дефиниција, блу-реј плеери и сет-топ боксови, како и на СоЦ продавачи, без финансиски надоместок, само за номинален административен надоместок.


Како лидери во областа на содржините и хардверот за домашна забава, овие три компании представуваат идеални партнери кои ќе го доведат HDR10+ во домовите на корисниците ширум светот. Посветено работиме со цел преку нашите ТВ уреди да ги направиме достапни најновите технологии и уверени сме дека HDR10+ ќе го унапреди корисничкото доживување при гледањето на телевизиски програми и филмови во домовите” – изјави Јонгсук Чу(Jongsuk Ču),Сениор Потпретседател на Дивизијата за Екрани во Компанијата Самсунг.


HDR10+ jе најновата технологија за екрани од следната генерација која овозможува беспрекорен квалитет на сликата, при што осветленоста, бојата и контрастот автоматски се поставуваат за секоја сцена. Во минатото се применувале фиксни поставувања на целата содржина, но сега со динамичкото мапирање на тоноп преку HDR10+ секоја сцена се обработува поединечно, што допринесува живописната визуелна содржина да изгледа што е можно пореално и притоа, се достигнува најдобриот квалитет на слика. Ова ново, напредно визуелно искуство им овозможува на корисниците да ја видат сликата онака како што креаторите на содржината сакале да им ја прикажат.

HDR10+ е технолошки чекор напред кој го прилагодува квалитетот на сликите за екраните од новата генерација.” - изјави Дени Кеј(Denny Key), Извршен Потпретседател на Компанијата “20th Century Fox“. “HDR10+ обезбедува динамички метаподатоци, кои прецизно ја опишуваат секоја сцена за да овозможат најдобар квалитет на слика. Во соработка со компаниите Панасоник и Самсунг преку “Fox Innovation Lab“ лабараторијата за иновации, успеавме новите платформи, како HDR10+, да ги прикажеме на пазарот вон кино-салите

Постојат неколку клучни предности за партнери кои сакаат да ја превземат оваа платформа за своите HDR10+ производи. HDR10+ нуди флексибилност на системот, овозможувајќи им на различните партнери во оваа платформа да вградат и свои производи и со тоа да го збогатат корисничкото доживување на корисниците. Платформата HDR10+ е дизајнирана за да овозможи понатамошен развој и иновации за да би можело во наредните години да имаме уште помоќна технологија.

“Компанијата Панасоник има долга историја во развојот на долготрајните технички формати. Навистина ни е драго што ќе соработуваме со компании од ваков ранг, кој на корисниците ќе им овозможи многу поволности. Нудејќи значајно подобрување на квалитетот на HDR фотографиите на поширок спектар на ТВ уредите, со истовремено забрзан раст на понудата на HDR содржини, очекуваме HDR10+ naskoro da stane de facto HDR format.” – изјави Куки Кусуми (Јuki Kusumi), Извршно овластено лице на Компанијата Панасоник.

Посетителите на овогодинешниот ИФА саем ги повикуваме да ги посетат штандовите на компанијата Самсунг и Панасоник како би дознале повеќе информации за HDR10+ технологијата.

“20th Century Fox“,“Panasonic“и“Samsung“ ќе ги објават деталите на програмата за лиценцирање и ќе ја демонстрираат HDR10+ технологијата на саемот CES 2018.

Можеби ќе ве интересира

ЕБИТДА во првите девет месеци од 2024 година достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

ЕБИТДА во првите девет месеци од 2024 година достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4 000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4 000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Трилер-вечер со „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Трилер-вечер со „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

АТЛЕТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 3 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА ЕВРОПСКАТА ПЛИВАЧКА СРЕДБА НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА ВО МОНАКО, ПОДДРЖАНА ОД ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН

АТЛЕТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 3 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА ЕВРОПСКАТА ПЛИВАЧКА СРЕДБА НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА ВО МОНАКО, ПОДДРЖАНА ОД ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН

„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата