14 Мај, 2024
0.0268

Ново од Македонски Телеком: Magenta 1 понудата збогатена со COOL - сим картичка за млади

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„COOL“ нуди 4 GB интернет, вклучени разговори, супер смартфон и есклузивни Viber  стикери

Целосна  контрола на трошење и онлајн заштита на децата со Kaspersky safe kids апликација

Стартува наградна игра -100 хаверборди за „COOL“ кoрисници

Македонски Телеком од денеска го збогатува Magenta 1 портфолиото со нова иновативна „COOL“ понуда специјално дизајнирана за најмладите членови во семејството. Новата понуда е единствена на пазарот која нуди придобивки како за родителите, така и за најмладите членови. 

„COOL“ вклучува 4 GB интернет за безгрижно  сурфање, неограничени разговори во мрежата на Македонски Телеком и 100 минути кон други мрежи. Дополнително, за прв пат на пазарот се воведува целосна контрола на трошење во постпејд, со која родителите ќе можат да го контролираат трошењето на своето дете и ќе имаат можност да му активираат дополнителни пакети. Со Kaspersky Safe Kids апликацијата, родителите меѓу другото ќе можат да ги заштитат своите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, да го контролираат времето на користење на мобилниот уред и во секое време да знаат каде се наоѓа нивното дете.  

 Истовремено со воведувањето на „COOL“ понудата за млади, од денеска  започнува уште едно интересно изненадување од Македонски Телеком. Стартува новата наградна игра наречена „100 хаверборди за 100 среќни COOL кoрисници“. Право за учество во играта имаат сите активни Magenta 1 корисници со вклучена „COOL“ сим картичка. Наградната игра започнува на 03.10.2016 година и ќе трае до 25.11.2016 година, а среќните добитници ќе бидат познати по пат на компјутерско извлекување во 4 одделни циклуси. Дополнително, Македонски Телеком креираше ексклузивни стикери за супер забавна комуникација, кои можат бесплатно да се превземат на Viber, а истите се достапни за сите Viber корисници во Македонија.

Magenta 1 не претставува само пакет на услуги, туку посебен концепт кој има за цел да ги обедини најдобрите комуникациски можности според потребите на секој член на семејството - за еден модерен и динамичен  животен стил, сè во едно и преку една сметка. 


Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот