16 Јуни, 2024
0.0260

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката и негата воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm, професионално шминкање и одредување на типот на вашата кожа.

Професионално шминкање и beauty советување

Како да ја изберам правата нијанса на пудра, како се контурира мојот облик на лице, која боја на руменило најубаво ми стои или како совршено да нанесам ајлајнер? Ако некогаш сте си поставиле некое од овие прашања, советниците за убавина во dm отсега ќе може да ви дадат одговор на истите. Имено, во одредени dm дрогерии од неодамна е достапна услугата советници за убавина кои ви стојат на располагањеза вашите beauty прашања, а воедно имате шанса да добиете и купон за бесплатно професионално шминкање.

Не само што советниците за убавина ќе ви помогнат да го направите правиот избор на производи од богатиот асортиман на dm, тие може и да ве нашминкаат за секоја прилика. Кога е во прашање шминката, можностите се бескрајни, а трендовите се менуваат брзо и динамично. Без разлика дали ви е потребна впечатлива вечерна шминка или нежен секојдневен изглед, dm советниците се тука за вас.

Како да ја добиете услугата професионално шминкање во dm?

Со купување на шминки и додатоци за шминкање во износ од 1.900 денари во некоја од наведените дрогерии добивате купон со кој може да закажете термин кај советниците за убавина во dm. Едноставно треба да се јавите на телефонските броеви за закажување и да закажете термин. На закажаниот термин со себе треба да го понесете купонот, заедно со фискалната сметка или сметкопотврда. Термините за бесплатно професионално шминкање можете да ги закажете само во овие дрогерии во среда, петок или сабота, најмногу 60 дена од добивање на купонот.

Одредување на типот на вашата кожа

dm советниците за убавина успешно ја завршија обуката во познатата Школа за убавина Арт која нуди професионални обуки за шминка, како и многу други од светот на козметиката и естетиката, а нивните стручни совети со задоволство ќе ги споделат со вас. Бидејќи добриот совет нема цена, особено кога станува збор за негата и убавината, dm се погрижи  советниците за убавина комплетно бесплатно во горенаведените дрогерии да го одредат типот на вашата кожа и да ви направат персонализирана рутина. Оваа услуга е достапна доколку посетите некоја од овие дрогерии, секој вторник и четврток од 16 до 19 часот.

Сигурни сме дека со нетрпение чекате да ги посетите dm дрогериите за да го изберете совршениот makeup look, да се запознаете со богатата понуда на декоративна козметика и да стекнете нови знаења за тоа како да го исполните вашиот козметички несесер со производи кои одговараат на вашето лице.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во уникатниот простор на Аудиокултура мал избран круг на љубители на часовници имаа ексклузивна можност први да ги погледнат новитетите на Брајтлинг

Во уникатниот простор на Аудиокултура мал избран круг на љубители на часовници имаа ексклузивна можност први да ги погледнат новитетите на Брајтлинг

Емотивно поетско-музичко враќање на Никола Маџиров дома со големата книга „Шестарот на времето“

Емотивно поетско-музичко враќање на Никола Маџиров дома со големата книга „Шестарот на времето“

Фестивал на видео игри во Diamond Mall

Фестивал на видео игри во Diamond Mall

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија - се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија - се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Сто години Прилепска Пиварница – настан посветен на традицијата и на иднината

Сто години Прилепска Пиварница – настан посветен на традицијата и на иднината

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност