18 Мај, 2024
0.0267

Новитети од AVON, создадени да ја прослават жената

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

НОВ, ЛУКСУЗЕН КАРМИН ЗА МЕКИ И ЗАВОДЛИВИ УСНИ

avon 1

Негуваните и заводливи усни го потенцираат женствениот стил и го надополнуваат елегантиот изглед. Новиот кармин од AVON „Ultra Color Indulgence“ е идеален за жените кои пред сè сакаат меки и негувани усни, во сочни и сјајни бои. Карминот во својата основа има зајакнатата формула, со лесни хидрантни гелови кои ги прават усните нежни, ги заштитуваат и даваат чувство на инстантна хидратација. Со истиот се добива висок интензитет на боја на усните, со само еден нанесен слој, а погоден е за сите нијанси на кожа. Без разлика на нијансата, бојата е неверојатно сочна, свежа и сјајна.

AVON CHERISH – МИРИС ЗА ДУХ ШТО СЕКОГАШ СЈАЕ

avon

Познато е дека ефектот на пријатниот мирис влијае на визуелната перцепција и на начинот на кој лицата емотивно ги доживуваме. Често, најголемото влијание за атрактивноста на една жена го има нејзиниот мирис. Во Кампањата посветена на Денот на жената, компанијата AVON лансира нов парфем, посветен и инспириран токму од нејзината женственост и префинетост, новиот „Cherish“ мирис создаден да ја прослави Неа. Парфемот е создаден од две реномирани парфимеристки Хонорин Бланк и Ани Базантиан, кои со со своето три-културно богато искуство од Либан, Париз и Њујорк за првпат заедно ја испреплетуваат својата уметност со страст. Овој мирис од цветна овошно-шумска категорија е лежерен, сладок и женствен, полн со енергија. Во себе крие тонови на извонредна мешавина од црешов цвет, скапоцен мошус и ноти на кремасти сандалови дрвја. Идеален е за ноќните излегувања за дамите кои сакаат да остават впечаток, како со својот стил, така и со мирисот. Дизајнот на самото шишенцето е женствен и грациозен, што зборува и за содржината на мирисот.

НОВА, ИСКЛУЧИТЕЛНА „SUPER EXTENDED WINGED OUT“ МАСКАРА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ ТРЕПКИ

avon 2

Погледот е нејзиното најопасно оружје. Ова е маскара за сите жени кои го застапуваат мотото: „колку се подолги и поистакнати - толку се подобри“ . Новата „Super Extended Winged Out“ маскара има исклучително прецизна четка со уникатна форма која поминува низ секоја трепка, па дури и низ најкратките трепки на аглите на окото, притоа совршено разделувајќи ги и издолжувајќи ги дури до 80%. Оваа четка е добиена со една сосема нова формула со најцрни влакна која ги издолжува трепките и им дава интензивна боја, при што креира драматичен изглед на очите, со гламурозен волумен. „Super Extended Winged Out“ маскарата им овозможува на жените кои сакаат да имаат големи, темни, забележителни и долги трепки, да го постигнат истиот ефект без вештачки трепки.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата