Новите соеви брзо се шират и Србија очекува и до 20.000 заразени дневно
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Јули, 2022 14:42
Србија очекува и до 20.000 заразени дневно, а властите ќе ја разгледуваат препораката за примање на петта доза на вакцина против коронавирусот.
Бројот на заразени со денови се движи околу 4.000, а прогнозите се дека тој број ќе се зголемува и ќе се движи и до 20.000 заболени на дневно ниво. Од Кризниот штаб препорачуваат дека на есен е можна и петта доза на вакцина, јави дописникот на МИА од Белград. Лекарите велат дека новите соеви се шират побрзо.
„Засега нема индикации дека тие предизвикуваат потешка клиничка слика од досега познатите соеви омикрони“, изјави вирологот Миланко Шеклер за ТВ Прва.
На прашањето зошто со корона се инфицираат луѓето кои ја прележале дури и повеќе пати, како и оние кои биле вакцинирани, тој кажа дека и грипот се враќа ако сме го прележале, така што тоа за никого не е невообичаено.
Членот на Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон вели дека не треба да биде чудно доколку има петцифрен број случаи, нагласувајќи дека во моменот е туристичка сезона, а кога е во прашање септември и почетокот на учебната година, објасни дека учениците нема да имаат проблеми доколку клиничката слика е иста како досега. Во регионот и во земји од Европа бројот на заразени расте. Светската здравстена организација(СЗО) повика Европа да ги врати маските и да ја забрза вакцинацијата.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




