17 Мај, 2024
0.0321

Новите санкции на САД ги влошуваат и онака лошите односи со Русија

Објавено во: Свет 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Новиот американски закон со кој се одобруваат нов сет санкции против Русија поврзани со украинската криза би можеле на долг рок да ги влошат односите помеѓу Москва и Вашингтон, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Тој во телефонски разговор со американскиот државен секретар, Џон Кери, истакнал дека новиот закон „со кој на Русија и се заканува воведување на дополнителни санкции би можел на долг рок да ја загрози можноста за нормална соработка помеѓу двете земји“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува „АФП“. Претседателот на САД, Барак Обама, доцна синоќа го потпиша законот со кој се одобрува нов сет санкции за Русија, но, како што рече, не планира да ги примени казнените мерки наведени во документот кој пред една недела беше усвоен во Конгресот. „Потпишувањето на овој закон не сигнализира промена во политиката на санкциите на оваа администрација, која внимателно ја одмеривме согласно со развојот на случувањата на терен и во координација со нашите сојузници и партнери“, се вели во соопштението на Обама. Претставниците од Вашингтон ја повикаа Москва да се повлече од Крим, полуостров кој Русија во март го анектираше од Украина, како и да престане да ги поддржува проруските сили на истокот од Украина. Москва тврди дека полага историско право на Крим и негира дека нејзините сили се присутни на истокот во Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин, во четвртокот на завршната годишна конференција за медиуми изјави дека нема да прифати никакви компромиси кога станува збор за ставот на Русија кон Украина.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра