16 Мај, 2024
0.0253

НОВИТЕ ДАНОЦИ УШТЕ СЕ „ТАЈНА“ - Владата ќе ги каже штом го скрои Буџетот

Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На само два месеци пред крајот на годинава, даночната неизвесност и натаму продолжува. Ќе се даночат или не од стартот на 2020 година капиталните добивки од хартии од вредност и каматите на штедните влогови, со стапки од 15 проценти, министрите од владата се уште немаат конечен став.

Со Законот за данок на личен доход кој стапи на сила од стартот на годинава, а со кој Владата всушност го воведе прогресивниот данок, се предвидува и од први јануари наредната година воведување на данок на капиталните добивки од хартии од вредност, но и на каматите на граѓанските заштеди, ако износот на камата надминува 15 илјади денари годишно.

Но, пред околу три недели, економските министри најавија дека размислуваат да се одложат овие даноци, па дури се појавија и различни министерски ставови. Во јавноста се слушнаа и критики дека ако ова даночење не почне од стартот на идната година, власта повторно ќе им прогледа низ прсти на богатите, кои имаат пари за да тргуваат со акции и така да остваруваат капитални добивки. Потоа дискусиите на таа тема како да стивнаа, а од Владата, и покрај тоа што се ближи крајот на годината, се уште не одлучиле какви ќе бидат нивните конкретни чекори.

Бизнисмените со кои комуницираше Фактор велат дека оваа непредвидливост околу даночната регулатива им пречи во работењето, но и во планирањето на идните деловни потези.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, смета дека веќе е време компаниите да ја знаат конечната владина одлука околу можните нови даночни оптоварувања.

„Тоа што се уште трае дебатата дали од идната година ќе почнат да се оданочуваат капиталните добивки на хартиите од вредност и на штедните влогови, предизвикува нарушување на предвидливоста кај компаниите за даночната политика. Веќе е време компаниите да знаат дали од идната година ќе стартува оданочувањето, и точно кај кои ставки“, вели Бошков.

Според него, тоа за бизнисот е многу битно, особено кај капиталните добивки. Има многу компании и бизнисмени, нагласува Бошков, што купуваат акции на други фирми, и потоа ги продаваат по повисока цена, од што остваруваат капитални добивки. Тие се уште не знаат дали од идната година ќарот од тие купопродажни трансакции ќе се оданочува или нема.

„Во Владата веќе требаше да се расчистат дилемите околу ова прашање. Ако некоја компанија одлучи да плати одредена голема сума, на пример неколку милиони евра, за купување акции, треба да знае дали на заработката што потоа ќе ја оствари од продажбата, ќе плати или не данок од 15 отсто. Бидејќи, ако знае дека ќе треба да го плати тој данок, тоа значајно би му ги зголемило трошоците, па затоа можеби ќе се реши да оди на друга Берза, а не преку нашата. Затоа сметам дека овие дилеми треба што побргу да се расчистат“, вели Миле Бошков, прв човек на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Од друга страна, според него, државата треба да расчисти и што ќе прави со штедните влогови, бидејќи во банките стојат големи суми на граѓански заштеди, над 4 милијарди евра, кои не се инвестираат во ништо. Дали тие треба да се оданочуваат за да се стимулира вложувањето во хартии од вредност, или, пак, ќе треба да се внимава за да не се дестимулира штедењето.

А од Министерството за Финансии за Фактор изјавија дека тие се во постојан контакт со бизнисот околу ова прашање. Се ќе се знае, објаснуваат, за многу кусо време, односно веќе на стартот на идниот месец, кога Буџетот за 2020 ќе мора да биде скроен согласно законските рокови, и ќе се достави до Владата на усвојување.

„Министерството за финансии е во постојана комуникација со коморите. Изработката на Предлог Буџетот за 2020 година е во тек, и тој ќе биде доставен до Влада во рок, односно до 1 ноември“, нагласуваат од Министерството за финансии. 

Дел од брокерите, пак, неодамна за Фактор изјавија дека, според сигналите што ги добиваат од власта, даночењето на капиталните добивки речиси е извесно дека нема да стартува од идната година.

Законот за данок на личен доход се донесе на крајот на 2018, а почна да важи од почетокот на оваа година. Овие даночни промени потекнаа од поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, кој ги бранеше со тезата дека на таков начин се реалоцира богатството и се постигнува поголема еднаквост. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка