Добивај вести на Viber
Доколку замислувавте дали е возможно да се живее близу до центар, но сепак далеку од градскиот метеж, во градба која е спој на луксуз и квалитет, опкружени со атмосфера на вистински рај, зачинета со летниковци и паркови и згора на тоа, непроценлив поглед кон реката Вардар, - тогаш токму таа замисла е во зрела фаза на реализација.
До јуни оваа година компанијата Enta Seal ќе го доврши прекрасниот станбен комплекс, Проект К, кој почна да никнува пред 6 месеци на површина од 7000 м2 на кејот на реката вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Она што вистински го издвојува овој станбен комплекс од останатите згради е:
1.Непречен поглед кон Вардар – еквивалент на живот во метропола.
2.Опкруженост со зеленило, паркови и детски игралишта. Од вкупна површина од 7000 м2, комплексот ефикасно користи 3000м2, додека останатите 4000м2 се икористени за претворање на просторот во вистински животен простор, исполнет со уживање и пријатност.
3.Подземен паркинг за секој стан. Просториите предвидени за паркирање на возилата се поврзани со становите со лифт.
4.Сопствено ладење и греење за секој стан, што пак нуди максимална заштеда и контрола врз трошоците.
Визијата која Enta Seal ја реализираат преку Проектот К е градење на вистински животен простор. Со оваа визија Enta Seal создаваат повеќе од станови. Со Проектот К, на пат се да изградат вистински домови.
http://www.youtube.com/watch?v=Nu8K5eHn_5k