17 Мај, 2024
0.0255

Новиот систем креиран од Интел му нуди на Стивен Хокинг способност за подобра комуникација со светот

Објавено во: Свет 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Интел за првпат со професор Стивен Хокинг ја демонстрираше новата комуникациска платформа која треба да го замени неговиот систем стар неколку декади со што драматично се подобрува неговата способност за комуницирање со светот. Приспособливата платформа ќе биде достапна на истражувачките и технолошки заедници од јануари наредната година. Со проучување на акутните потреби на Хокинг, спецификите на односот помеѓу овој човек и неговата машина, Интел обезбеди прилагодено решение наречено ACAT (Assistive Context Aware Toolkit) – што резултира со подобрена комуникација за Хокинг со светот со потенцијал да биде стожер на модерен, прилагодлив систем што може да им користи и на другите со моторно невронски болести (МНД) и квадриплегија. Хокинг има МНД поврзана со амиотрофична латерална склероза (АЛС), состојба што прогресира со годините. Тој е скоро сосема парализиран и комуницира преку технологијата. “Медицината не успеа да ме излечи, па зависам од технологијата која ми помага да комуницирам и живеам,” изјави Хокинг. “Интел ме поддржува веќе дваесет години, дозволувајќи ми да го правам она што го сакам секој ден. Развивањето на овој систем има потенцијал да ги подобри животите на другите со слични потреби низ целиот свет и го предводи патот во смисла на човечка интеракција и можноста да се пребродат пречките во комуникацијата кои некогаш постоеа.” Зголемена брзина, прецизност и поедноставно користење Мултидисциплинарен тим на истражувачи од Интел Лабс три години работеше со Хокинг за да го замени неговиот сегашен систем за комуницирање со модерна технологија. Хокинг беше вклучен во процесот на дизајн со обезбедување на континуирани повратни информации за да му помогне на Интел во подобрувањето на системот со секое повторување “Професорот Хокинг на уникатен начин ја користи технологијата за да комуницира со светот со декади, но неговиот стар систем би можел да се обиде да ги користи денешните модерни апликации и веб страници со компјутер без тастатура и глушец,“ изјави Вен-Хан Ванг, потпретседател и директор на Интел Лабс. “Заедно донесовме холистички подобро комуникациско искуство што допринесува за негова континуирана независност и може да ја отвори вратата кон поголема независност и за други.“ Слично со деловите на моторот и нивната здружена работа за глатко работење на колата, софтверот и кориснички интерфејс изработен од Интел овозможува постоечки и нови технологии ефикасно да работат заедно. Резултатот: Брзината на пишување на Хокинг е двапати поголема, има десет пати подобро извршување на обичните задачи, како и попрецизно и побрзо користење на интернетот, мејлови и документи; зачувување, уредување и промена помеѓу задачите. Неговиот постоечки сензор кај образот е детектиран од инфраред приклучен на неговите очила преку кои избира карактер на компјутерот. Со интегрирање на софтвер од британската јазично-технолошка компанија SwiftKey* значително се подобри можноста на системот за учење од Хокинг за да ги предвиди следните карактери и зборови со впишување на помалку од 20 проценти од сите карактери. Овие информации се испраќаат до постоечкиот гласовен систем за тој да може да комуницира со другите преку неговиот Lenovo* лаптоп со оперативен систем Microsoft Windows*. На пример, за да побара информации на интернет, Хокинг претходно извршувал низа команди како навигирање на компјутерски глушец и впишување на текстот што го бара. Новиот систем ги автоматизира овие чекори во еден беспрекорен процес. Отворен, прилагодлив софтвер Квадриплегија и МНД афектираат повеќе од три милиони луѓе во светот. МНД ги оневозможува свесните-волеви мускулни активности како зборување, одење, голтање и генерално движење на телото. По природа прогресивно се зголемува неспособноста и може да доведе до смрт. Лама Нахман од Интел Лабс му се придружи на Хокинг на сцената во Лондон да дадат преглед на тоа како нивната работа може да ја инспирира истражувачката заедница. „Технологијата за оневозможените често претставува поле за докажување на технологијата од иднината, изјави Нахман. „Од комуникации до генетски истражувања, технологијата почнува да отвора врати со можности кои можеме само да ги замислиме.“ Новиот систем на алатки креиран од Интел може да се прилагоди на различни корисници. Овој систем на Интел е модерен софтверски интерфејс за истражувачи и технолози да креираат прилагодени решенија овозможени со допир, трепкање со очи, движења на трепките или други начини на комуникација. Со тоа што оваа платформа е достапна и бесплатна, Интел и Хокинг предвидуваат дека истражувачките и технолошките заедници - како и оние фокусирани на чувствување, предвидување на текст, контекст и дизајн на кориснички интерфејс - ќе изградат и донесат нови и подобрени решенија на пазарот

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра