02 Мај, 2024
0.1516

Новинарката Марина Овсјаникова си даде отказ, а друга нејзина колешка ја напушти земјата

Објавено во: Свет 15 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Марина Овсјаникова, новинарката на руската државна телевизија Канал 1 која во текот на емитување на вестите се појави со транспарент со кој ја осуди војната во Украина и ги повика граѓаните да не ѝ веруваат на пропагандата која ја емитува Кремљ, денеска е казнета со 250 евра, а воедно си даде отказ. 

Таа е обвинета затоа што ги повикала граѓаните на протести против војната во Украина, односно тоа што Русија го нарекува специјална воена операција.

Заблагодарувајќи им се на луѓето кои ја поддржаа, новинарката изјави дека била испрашувана од полицијата повеќе од 14 часа, додека иако побарала правна помош, не ѝ било овозможено да контактира со адвокат неколку часа. Новинарката рече дека одлуката за анти-воениот протест ја донела сама. 

Презентерката на вестите Лилија Гилдејева  поднесе оставка и ја напушти земјата.

„Прво ја напуштив Русија затоа што се плашев дека нема да ме пуштатв туку-така, а потоа дадов отказ“, му рекла Лилија Гилдејева од НТВ на реномираниот блогер Илија Верламов, пренесува Би-Би-Си.

Гилдејева била водител на „Сегодња“ (Денес), водечката вечерна информативна програма на НТВ, третата најпопуларна руска ТВ станица, која е во сопственост на гасниот гигант Газпром и чија уредувачка политика е прокремљовска.

Во 2021 година Гилдејева била вклучена во официјалната листа на новинари на претседателот Владимир Путин, кои добиле благодарници за „достигнувања во развојот на масовните медиуми“.

Во 2008 година, Путин и се заблагодарил за „обезбедувањето информации и општествени активности кои беа корисни за развојот на граѓанското општество во Руската Федерација“.

Можеби ќе ве интересира

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија