19 Мај, 2024
0.0254

НОВИ СОПСТВЕНИЦИ НА АЛФА БАНКА: На потег се Швајцарците!

Објавено во: Финансии 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Грчка “Алфа банка“ ја заврши операцијата за продажба. Преку Македонската берза за 1,2 милиони евра беа продадени 100% од капиталот. Се работи за блок трансакција преку која за 7 183 денари по акција, беа истргувани 10 305 акции. Официјално, сопственикот на “Алфа банка“ сеуште не е обелоденет. Сепак, се работи за швајцарскиот инвестициски фонд “Силк роуд капитал аг“ со седиште во Цирих, кој во изминатиот период веќе ја почна процедурата за превземање на грчката банка. Со ова практично заврши вкупната сопственичка промена. Според информации на “Фактор“, одлуката за продажба на „Алфа банка“ била донесена уште минатата недела, односно новите сопственици ја финализирале целата постапка откако добиле дозвола за превземање од страна на Народната Банка. Ова значи дека операцијата за продажба ги помина сите филтри, преку Комисијата за заштита на конкуренцијата до одбрение од страна на Народната Банка. На денешната транскација реагираше опозициската СДСМ, од каде обвинија дека гувернерот Димитар Богов требал јавно да соопшти за дозволата што НБМ и ја даде на Алфа банка. “Гувернерот Богов на крајно нетранспарентен начин даде дозвола да се продаде „Алфа Банка“ АД Скопје за 1.2 милиони евра на Швајцарски фонд, чиј претседател на Управен Одбор се јавува и како основач на компанија која соработувала со Владата предводена од Никола Груевски. Предмет на соработка биле консултатантски услуги“, велат до СДСМ и во соопштението додаваат: “Пред само 30 дена од кабинетот на гувернерот Богов беше лиферувана информација за медиумите во која децидно беше кажано дека нема поднесено барање за купопродажба на акциите на Алфа Банка АД Скопје и доколку такво барање биде пристигнато за истото ќе биде известена јавноста. После 30 дена молк, не само што не беше известена јавноста туку денеска на Македонската берза преку блок трансакција се продадени 100% од акциите на Алфа Банка АД Скопје за 1.2 милиони евра. Дали Гувернерот Богов во рамките на своите надлежности, ги исполнува се уште наредбите на поранешниот премиер Никола Груевски исто како и лицето Ѓорѓе Иванов?“. Кој е новиот газда на “Алфа банка“? На обвинувањата од опозицијата дека гувернерот на НБРМ, Димитар Богов на нетранспарентен начин дал согласност за продажба на акциите на Алфа банка, од кабинетот на Богов, појаснуваат дека Народната банка дала согласност на Silk Road Capital AG од Швајцарија за купување на 100% од акциите на Алфа банка АД Скопје. „Во случајот на Silk Road Capital AG се работи за таканаречен “special purpose vehicle” односно компанија креирана со посебна цел за преземање на одредени инвестиции и стекнување учество во банки и други финансиски институции во земјата и странство, зад која стои конкретен инвеститор кој е целосно идентификуван пред НБРМ, се вели во реакцијата на НБРМ. Од кабинетот на Богов појаснуваат дека се работи за инвеститор со висок кредибилитет со триесетгодишно искуство во финансискиот сектор во Швајцарија и во централна и југоисточна Европа. „Извршувал одговорни функции во СИТИ банката во Цирих, меѓу кои и позицијата главен финансиски директор на корпоративна и инвестициска банка дел од Citygroup. Потоа бил основач и управител на капитален инвестициски фонд во кој успеал да привлече значајни институционални инвеститори, меѓу кои и германската државна банка KFW и швајцарската државна агенција за меѓународен развој SECO, додаваат од НБРМ. Од НБРМ дополнително потенцираат дека Фондот бил лиценциран како малцински акционер во банки во Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Македонија. „Конкретниот инвеститор има искуство и во директно вршење надзор врз банкарското работење, така што бил член на Надзорни одбори во банки во Хрватска и Босна и Херцеговина, а моментално е член на Надзорен одбор во банка во Швајцарија, стои во одговорот од НБРМ. Операцијата за превземање претходно заврши и пред Комисијата за заштита на конкуренцијата до каде беше прaтено известување за концентрација. Еве што од страна на Комисијата за заштита на конкуренција е посечено како основна деловна активност на засегнатите во постапката за сопственички промени: “Силк роуд капитал аг“ со седиште Фрахјофштрасе 22, ЦХ 8 700, Цирих, Швајцарија и предмет на работење: стекнување на акции и удели во банки и финансиски институции во Швајцарија и во странство, управување со финансиски средства и недвижности и советува за такви активности како услуга, може да поседува и наследува патенти и лиценци и тргува со стоки од било каков вид, финансира корпорации, наследува и стекнува земја како и удели во корпорации“, се посочува во известувањето испратено до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Дел од домашната економска јавност, по одлуката за продажбата на “Алфа банка“ оцени дека клучно прашање за оваа банкарска транскација е кој е идниот сопственик на банката, односно дали постоечкиот се заманува со нов, посилен. “Основно прашање е дали во една банка влегува подобар или полош купувач, односно мора да се обезбедат целосни и детални информации за идниот акционер, што е условено со многу критериуми. Ние и досега имавме пракса инвестициски фондови да покажат интерес за влез во банкарскиот сектор, но тие операции не без одобрени. Сметам дека генерално фондовите не се толку силни како банкарски групации кога станува збор за банкарски сопственички превземања“, вели за “Фактор“ поранешниот гувернер Петар Гошев. Според експертите, одлуката на грчката “Алфа банка“ за продажба на својата испостава во Македонија е правно законска и нема ништо спорно, а како причина се оценува отсуството на бизнис интесрес да работата на македонскиот пазар, пред се поради најверојтната слаба кредитна активност. Продажбата на “Алфа банка“ го привлече вниманието на јавноста откако дел од медиумите објавија “консултантска“ повразаност на идните можни акционери со Владата.Имено. претседател на Управниот одбор на швајцарскиот фонд е Анисур Рахман Кан, основач на компанијата „Лонестеп Гмбх“која пак, од Владата била избрана за консултант за воспоставување на слободната финансиска зона во Македонија. Овој проект, најавен на голема врата, проследен со бројни реакции, се стави под “мраз“. Алфа банка Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата, под името Кредитна банка Скопје. Во 2000 година Алфа банка – Атина го откупи управувачкиот пакет акции и стана доминантен акционер во банката а две години подоцна грчката банка стана 100 % сопственик. Според информации на “Фактор“ оваа банкарска транскација заедно со промена на сопственоста официјално се очекува да биде обелоденета деновиве од страна на идните газди, кои веќе имаат планови за развој во повеќе банкарски сегменти со цел поафирмативно пробивање на пазарот во земјава. Допрва ќе се обелоденат и детаљите за идното работење на банката и позиционирање во банкарскиот сектор. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат