09 Мај, 2024
0.0265

Нови ограничувања од денеска: Се штити цената на акциите на берза

Објавено во: Економија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска на Македонска берза ќе се тргува по нови правила. Одборот на директори на берзата донесе одлука да ги промени ценовните ограничувања при тргувањето. Вчера во текот на денот беше изменет и друг дел од правилата поради што Македонска берза беше затворена во тек на еден час. Денот заврши сепак со драстичен пад на цената на акциите, а индексот МБИ 10 падна за 8,68 проценти. И тој пад не е прв - откако се појави коронавирусот и кај нас, но и во регионот и во Европа, домашниот пазар е на удар, а цените на акциите во слободен пад.

Според новите правила кои важат од денеска за хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување статичките лимити изнесуваат плус односно минус 5 проценти од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат плус/минус1,5 проценти од моменталната референтна цена за хартијата од вредност. Дополнително за хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и имаат статички лимити, истите изнесуваат плус/минус 10 проценти од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат плус/минус 1,5 отсто од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;

Од берзата велат дека ако има потреба ќе преземат и други мерки. Вчера Македонска берза го прекина тргувањето во рок од еден час. Потоа тргувањето продолжи. Според тие измени берзата може да го прекине тргувањето ако има пад до 11.45 часот од повеќе од седум проценти.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување