НОВИ НАВРЕДИ: За Ердоган Европа е скапана и е центар на нацизмот
Објавено во: Балкан 07 Април, 2017
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера упати нови обвинувања кон Европа.
Тој рече дека во неа гледа „еден континент кој скапува и „центар на нацизмот“, пренесе БТА.
„Европа веќе нема што да ни каже, ниту на нас, ниту на некој друг. Расистичките партии ги држат во раце европските лидери и влади. Европа веќе не е центар на демократијата, човековите права и слободи, туку на угнетување, насилство и нацизмот“ - изјави Ердоган.
Оваа изјава на Ердоган доаѓа по неколкунеделните тензии меѓу ЕУ и Турција по укинувањето на манифестации на приврзаници на претседателот Ердоган во неколку европски земји, пред се Германија и Холандија.