НОВИ ГРАНИЧНИ ТАБЛИ, НОВИ БАНКНОТИ, НОВИ ПАСОШИ: Република Северна Македонија ги носи овие промени
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Почнува примената на Република Северна Македонија. Точно три дена има Македонија да ги промени таблите на граничните премини согласно Преспанскиот договор.
Новите банкноти со името Република Северна Македонија треба да бидат изготвени до стартот на следната година додека пасошите до крајот на оваа.
Дел од мерките кои Македонија треба да ги примени откако договорот со Грција и официјално стапи на сила се и промена на сите логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми и слично.
МНР пак со издавање нови регистерски таблички треба да почне за четири месеци .
Кога ќе излезете или влезете во државата пак МВР на патните исправи ќе ви става печат на кој ќе е јасно дека припаѓате на Република Северна Македонија.foto:epa