Нови детали за експлозијата во Лестер - Уапсени двајца мажи
Објавено во: Свет 02 Март, 2018
Британската полиција уапси двајца мажи во врска со експлозија во продавница во британскиот град Лестер, во која загинаа пет лица.
Оваа експлозија која се случи на 25-ти февруари во која се урна трикатна зграда британската полиција ја оквалификува како „голем инцидент” и веќе испита тројца мажи кои ги поврзува со настанот.Според изјавите на полицијата лицата кои се уапсени се од Источна Англија и имаат триесет години. Во информациите се вели дека осомничените ја планирале оваа експлозија.