НОВИ ЦЕНИ: Од полноќ гориво ќе се точи по овие цени
Објавено во: Економија 09 Јули, 2018
Расте цената на нафтените дерифати.
Последната одлука на регулаторното тело е дека од ноќеска на полноќ возачите ќе полнат горива за цена која бележи раст.
Тоа значи дека бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денарч.
Во следните две недели ако точите Еуросупер БС-95 ќе платите 72 денари за литар, додека 74 денари за литар ќе чини Еуросупер БС-98
Согласно одлуката на РКЕ Еуродизелот ќе се ТОЧИ по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.
Мазутот исто така ќе се плаќа поскапо а цената изнесува 34,711 денари за килограм.
Овие цени на нафтените деривати почнуваат да важат од ноќеска и ќе бидат на сила во следните две недели.