18 Мај, 2024
0.0315

Нови 15 дена ќе ги спасуваат Чебрен и Галиште од пропаст

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Според неофицијалните информации на Фактор, тендерска документација за Чебрен и Галиште, која чинеше 5.000 евра  подигнаа грчката компанија ППЦ и македонската компанија Балкан енерџи груп, фирма која во енергетските кругови се поврзува со  руската компанија Синтез Груп, сопственик на термоелектраната ТЕ-ТО во Скопје. Катерина Попоска Во обид да го спаси од пропаст и деветтиот тендер за Чебрен и Галиште, Влада реши да го продолжи рокот за доставување понуди, неофицијално дознава Фактор. Наместо на 22 декември, како што беше првично предвидениот рок, сега потенцијалните инвеститори ќе имаат време до почетокот на јануари 2013 година да достават понуди за реализација на деценискиот проект. Според неофицијалните информации на Фактор, тендерска документација за Чебрен и Галиште, која чинеше 5.000 евра,   подигнаа грчката компанија ППЦ и македонската компанија Балкан енерџи груп, фирма која во енергетските кругови се поврзува со  руската компанија Синтес Груп, сопственик на термоелектраната ТЕ-ТО во Скопје. Според неофицијалните информации од Министерството за животна средина, кое од неодамна е надлежно за проектот, рокот се продолжува на барање на инвеститорите за да подготват понуда за изградба на хидроцентралите. Фактор иако се обиде да ги исконтактира ППЦ и Балкан енерџи груп, не добивме одговор дали овие компании ќе достават понуда навреме. Како што веќе објави Фактор, Владата одлучи да ја предимензионира браната на акумулацијата Чебрен од 180 метри на 192 метри, додека браната на хидроцентралата Галиште ќе се намали на 130 метри, наместо досегашните 141 метар. Од новиот инвеститор ќе се бара да понуди не помалку од 39% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор. Детаљите од новиот тендер за Чебрен и Галиште покажуваат дека ЕЛЕМ ќе треба да ги преземе сите инвестиции за реализација на проектот. Токму учеството на ЕЛЕМ во заедничката фирма до сега беше пречка  меѓу Владата и инвеститорите. Според  информации од Владата, најатрактивно за инвеститорите ќе биде ако во заедничката компанија, веќе постоечката хидроцентрала Тиквеш им се даде на инвеститорите три месеци по почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, пишува во најновата тендерска документација за изградба на овие две најголеми хидроцентрали кои треба да се градат на Црна река, кај Мариово. Изградбата би чинела околу 500 милиони евра Последните проценки покажуваат дека изградбата на Чебрен и Галиште ќе чини близу 500 милиони евра. Проекциите во енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години пак, покажуваат дека Чебрен и Галиште треба да почнат да произведуваат струја веќе од 2018 година. Но, овој рок најверојатно ќе се пробиа ако се земе предвид дека изградбата само на ХЕЦ Чебрен би била околу седум години. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода. На последниот тендер, токму грчки ППЦ беше  во “мртва трка“ со кинеската корпорација ЦВЕ за изградба на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, но нивните обиде беа залудни. Владата го поништи тендерот бидејќи не беше задоволна од понудите. Кинеската компанија понуди 40,5% учество на ЕЛЕМ во проектот, а грчката 28%. Кинезите бараа и од државата гарантиран откуп на целокупната произведена струја по однапред договорена цена, ХЕЦ Тиквеш да биде вклучена во заедничката компанија со датумот на ефективност на договорот за концесија, како и гарантирана стапка на поврат на инвестиција (IRR) од страна на Владата на Република Македонија во случај на лоша хидрологија, услови кои Владата не ги прифати и го поништи тендерот.          

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8