15 Мај, 2024
0.0261

Новата револуционерна поткожна формулација за третман на лимфоми стана достапна и за пациентите во Македонија

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Следејќи го европскиот тренд за современ третман на пациентите со малигни заболување и благодарејќи на заложбите на Министерството за здравство на Република Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за лекови и медицински средства и на Универзитетската клиника за хематологија, како и на силните напори на фармацевтската компанија „Рош“ во Македонија, поткожната инјекција на лекот MabThera (rituximab) денес е достапна во Република Македонија. Оваа терапија е наменета за лица заболени од најчестите форми на малигни заболувања на крвта - лимфомите. Пациентите сега може да имаат дополнителни придобивки од новата, револуционерна поткожнa инјекција MabThera (rituximab), што значи дека тие може да поминуваат многу помалку време во болница. Имено, поткожната  формулација на лекот MabThera (rituximab) се аплицира за само 5-6 минути, наспроти интравенската формулација на лекот, за која е потребно пациентите да поминат најмалку два и пол или три часа на инфузиски стол или на кревет.

cevrev press

Исто така, овој начин на аплицирање на лекот MabThera, кој е достапен за пациентите со не-Хочкинов лимфом, може да ја намали презафатеноста на одделите за хемотерапија на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје, како и да го ослободи активното време на медицинскиот персонал за лекување и за нега на повеќе пациенти.

„Бројот на новодијагностицирани пациенти со не-Хочкинов лимфом во Македонија континуирано се зголемува и во 2015 година достигна 140 нови пациенти, а сѐ поголемата побарувачка за хемотераписки единици создава притисок врз здравствените ресурси и врз медицинскиот персонал. Поткожната формулација на MabThera е иновативна формулација што може да ни помогне поефикасно да ги користиме ресурсите, а префрлувањето од интравенско на поткожно давање на лекот обезбедува споредлива ефикасност на лекот, со што се подобруваат терапевтското искуство и третманот на пациентите. Тоа води и кон подобрување на работоспособноста и на квалитетот на животот на пациентите, кои може да ја скратат секоја посета на болница за примање хемотерапија од повеќе часа до неколку минути. Тоа ќе биде одлична вест за пациентите со не-Хочкинов лимфом, кои ќе имаат повеќе слободно време за да поминат со своето семејство и со пријателите“, изјави директорката на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје, проф. д-р Лидија Чевреска.Директорот на Балканската групација на „Рош“, г. Уфук Апајдин, изјави „Пациентите се во фокусот на сѐ што прави „Рош“ и сакаме да сме сигурни дека сите што се заболени од рак имаат пристап до најдобриот можен третман и нега. Повеќе од 20 години „Рош“ развива лекови што го редефинираат третманот во хематологијата и денес инвестираме повеќе од кога и да е во нашите напори за да им понудиме иновативни опции за третман на лицата со не-Хочкинов лимфом. MabThera е клучен дел од тие напори и би требало значително да им го олесни и да им го направи попријатно лекувањето на пациентите. Веруваме дека партнерствата со надлежните институции дополнително ќе го подобрат здравствениот систем и ќе спасат животи“.

Ufuk, MabThera SC

MabThera (rituximab) е стандардна терапија во третманот на пациентите со не-Хочкинов лимфом и хронична лимфоцитна леукемија, која овозможува долготрајна ремисија на болеста, а во одредени случаи и комплетно излекување на пациентите.

Поткожната формулација MabThera доби дозвола за употреба во Европа врз основа на податоците од клиничката студија SABRINA, кои покажаа дека фиксната доза поткожна формулација на MabThera го скратува  времето на апликација без да ги компромитира ефикасноста и безбедноста на лекот споредено со интравенската формулација на MabThera (rituximab).

За не-Хочкинов лимфом (НХЛ)

Со НХЛ се опишуваат група сродни канцери на лимфниот систем. НХЛ може да биде брзорастечки (со висок степен на малигнитет или агресивен), меѓу кои спаѓа дифузен Б-големоклеточен Б-лимфом, или бавнорастечки (со низок степен на малигнитет или индолентен), како фоликуларен лимфом.

Во Македонија се дијагностицираат околу 140 нови случаи на НХЛ годишно.

За MabTheraâ (rituximab)

MabThera е целна терапија што се користи за лекување пациенти со НХЛ. Таа се поврзува со одреден протеин – антигенот CD20 на површината на нормални и малигни Б-клетки и ги регрутира природните одбранбени системи на телото да ги нападнат и убијат обележаните малигни Б-клетки.

За поткожната примена (MabThera SC)

Поткожната формулација на МабТера (MabThera SC) ја користи технологијата Enhance, развиена од Halozyme Therapeutics, што овозможува инјектирање голем волумен на лекот поткожно. Технологијата функционира на тој начин што реверзибилно ја разградува супстанцијата што сочинува дел од ткивата под кожата што наликува на гел (хијалурон).

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“