18 Мај, 2024
0.2788

Новата банка на БРИКС може да прифати и други членки на ОН

Објавено во: Свет 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Новосоздадената инвестициска банка за развој на БРИКС може да се прошири и да прифати и други земји-членки на ОН.

Оваа позиција ја изрази министерот за надворешни работи на Бразил Мауру Виеира за време на самитот на БРИКС во УФА.

Според него во моментов се работи над тоа обезбедување на кредити да стане можно уште во почетокот на 2016 година.

Единството на БРИКС е важно за рускиот претседател Владимир Путин во споровите му со Западот поради Украина, особено кога Русија симболично е извадена од Г-8 поради анексија на Крим. Аналитичарите коментираат дека средбата е шанса да му се покаже на Западот дека Русија може да се справи добро и без соработка со западните земји.

Путин му предложи на претседателот на Бразил Дилма Русеф заедничко користење на националните валути во комерцијалните порамнувања меѓу двете земји. Двајцата изразија подготвеност за интензивирање на билатералните инвестиции за соработка и зголемувањето на нивото на стоковата размена меѓу двете земји.

Против оваа позадина портпаролот на руското Министерство за финансии изјави дека Грција ќе може да искористи кредит од новоформираната Банка за развој на БРИКС, во случај дека купи дури минимално количество акции во банката.

Магазинот Форбс сепак коментира дека тоа може да е многу лоша идеја, бидејќи Грција не е главен трговски партнер на земјите од БРИКС, а и дел од нив веќе се кредитори на Атина, преку заемите од ММФ.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков