18 Мај, 2024
0.0263

Нова водоводна мрежа во Ѓорче Петров: Надлежните на увид

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин. Александар Наумоски заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин. Душко Весковски беа на увид на новата водоводна мрежа во нас. Ѓорче Петров. Новата цевка Æ400мм во должнина од 1124м ќе го подобри притисокот во овој дел од населбата.


Изработката и реализација на овој проект е резултат на потребата од дислокација на дел од овој постоечкиот магистрален водовод Æ400ммкој со својата сегашна траса се протега низ приватни парцели и имоти на жителите од овој дел од нас. Ѓорче Петров. 

Согласно проектот со новата траса изместувањето ќе се изврши на  јавна површина односно тротоарот на улиците -  дел од ул.„Радушка“ и ул.„Вера Циривири – Трена“ се до ул.„Ѓорче Петров“, што е во согласност со Деталниот Урбанистичкиот План за самата населба Ѓорче Петров. Со изместувањето на предметната делницата по јавна површина на оваа магистрална водоводна линија Ø400мм ќе се ослободат приватните парцели низ кои тој досега минуваше. 


Изместувањето на цевководот е предуслов за искористување на постојните парцели за урбанистички планираните намени кои ги предвидува  ДУП  за оваа локација, што значи дека ќе се создадат услови за изградба на објекти онакви какви што се предвидуваат со урбанистичкиот развој. Повеќе нема да постои опасност за оштетување на цевководот при секоја  изградба на нов објект во овој локалитет или нема да се случува намалување на површините за градба на секоја од градежните парцели низ кои тој досега минуваше од причина што беше задолжително почитување на заштитен коридот околу овој цевковод. Бидејќи се работи за магистралниот водовод DN400мм кој всушност е неопходен како транзитен цевковод не е предвидено директно приклучување на објектите на него, туку само поврзување со  останатата секундарна улична водоводна мрежа на него.


За изведба на дислокацијата на водоводот се предвидуваат водоводни цевки од полиетилен PE 100 RC со профил DN450мм. и должина L=1124м. Инвеститор за проектот е ЈП Водовод и канализација – Скопје, а вкупното чинење за реализацијата изнесува 20.026.300,00 ден.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата