01 Ноември, 2024
0.0288

НОВА ВЛАДА УШТЕ НЕМА, АМА ЌЕ ИМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА - распишани огласи за нови кадри, власта тврди дека не се наместени

Објавено во: Економија 24 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Новата Влада уште не е избрана, ама затоа таму се спремаат нови вработувања. Единаесет огласи се распишани за примање кадри во Владата во повеќе области, преку Генералниот секретаријат.

Огласите вчера осамнаа на веб страницата на Агенцијата за администрација. Се бараат советници, соработници, референти, а платите се од 33 илјади денари највисоката до 14 и пол илјади денари која е пониска и е предвидена за оние со пониско образование.

Фактор праша во Владата зошто се потребни сите овие нови вработувања, за кои огласите се распишани во еден ден.

Оттаму тврдат дека имале реална потреба од овие нови приеми, а главната причина за тоа била флуктуација на кадар.

Она што е интересно, во Владата потенцираат дека овие вработувања не се намесетени, и може да се пријави секој кој има интерес за оваа служба.

„Поради флуктуација на кадар, а согласно годишниот план за вработување на секоја институција, Генералниот секретаријат на Влада на Северна Македонија објави оглас за пополнување на работни места за кои постои реална потреба од кадар. На огласот можат да се пријават сите кои сметаат дека ги исполнуваат наведените услови“, се вели во одговорот што Фактор го доби од Владата.

За оние што се заинтересирани да работат во Владата, еве какви профили на кадри и се потребни.

На оглас Владата бара еден помошник раководител на сектор за координација со проекти и други стручни работи за координација со проект, кој треба да има дипломирано правни науки, економски науки, или социологија, и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. Овој кадар треба да е Македонец, а ќе зема плата од близу 33 илјади денари.

Се бара виш соработник за информативна дејност, кој од посебни услови треба да исполнува ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од правни или политички науки, и да има најмалку две години работно искуство во струката. За ова работно место може да конкурира само наш сограѓанин етнички Албанец. Неговата плата ќе изнесува 24 и пол илјади денари.

Покрај овој кадар, оглас е распишан и за примање на еден советник за нормативни работи, кој треба да има високо образование на економски или политички науки, но и најмалку три години работно искуство во струката. За ова работно место е предвиден Македонец, и тој ќе зема плата од 26.300 денари.

Наредно вработување за кое е објавен оглас е за самостоен референт за административно - технички работи, со ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, вишо образование, гимназија или средно стручно образование, како и најмалку три години работно искуство во струката. За него е наведено дека треба да биде Македонец, а ќе зема прилично ниска плата, од 16 и пол илјади денари.

Во Владата ќе се прими и еден помлад референт за поддршка за технички работи, со слични квалификации како претходниот профил што се бара, кој ќе мора исто така да биде Македонец и ќе зема нето плата од 14 и пол илјади денари.

Уште еден оглас на веб страната на Агенцијата за администрација го привлекува вниманието, а тоа е помлад соработник за оперативна поддршка. За него се бара да има високо образование и тоа политички, економски и правни науки, со или без работно искуство во струката. За него во огласот е наведено дека мора да биде Албанец и ќе ема нето плата од 22 илјади денари.

Владата вработува и помлад соработник за оперативно - логистичка поддршка, кој треба да биде правник со или без работно искуство, Македонец, и ќе работи за плата од 22.026.

Се бара и виш соработник за стручно - административна и оперативна поддршка, со политички, прави или економски науки, кој мора да биде Македонец, а ќе добива месечен надоместок од 24 и пол илјади денари.

Владата вработува и помлад соработник за стручна поддршка, кој треба да има завршено политички науки, информатика, организациони науки и управување (менаџмент), со или без работно искуство во струката. Треба да е Македонец, а платата ќе му изнесува 22 илјади денари.

Ќе биде примен и помлад референт за поддршка за технички работи, со више или средно образование, кој мора да биде Албанец и чија плата ќе биде 14 и пол илјади денари.

И конечно, едно работно место е предвидено за уште еден помлад соработник за оперативна поддршка, со високо образование од политички, економски или правни науки, со или без работно искуство во струката. Ќе биде Македонец  ќе зема месечно 22 илјади денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување