18 Мај, 2024
0.0281

НОВА ВЛАДА: Приоритети на идните министри!

Објавено во: Економија 31 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мандатарот Заев во експoзето вели дека Владата ќе почива на три клучни темели, а тоа се економија, силни институции, ЕУ и НАТО. 

„Ќе работиме чесно, посветено, исклучиво за потребите на граѓаните на Македонија. Она што е напишано во програмата ќе биде завет по кој ќе одиме“ - изјави Заев. 

Мандатарот вети дека неговите министри ќе градат едно општество за сите. 

Целта е преговори со ЕУ и членство во НАТО во најбрз можен рок. 

Фактор накусо ги крокираше првоте задачи на идните министри:

На чело на Министерството за одбрана за прв пат застанува жена. Најголемиот предизвик на Радмила Шекеринска ќе биде да ја внесе Македонија во НАТО.

Министерството за внатрешни работи ќе го води Оливер Спасовски. Тој беше „пржинскиот“ министер токму во МВР, па веќе има стекнато искуство во полицијата. Го чека тешка задача за да ја реформира полицијата и да ја направи професионална, непартиска и да успее да го промени МВРО во МВР.

Од најблиските соработници на Заев, министер ќе биде и Дамјан Манчевски за администрација и информатичко општество. Го доби најосетливиот ресор, во кој ќе бидат потребни многу реформи и непопулистички мерки. Негов предизвик ќе биде да ја департизира администрацијата.

Љупчо Николовски, кој за време на мандатот го водеше земјоделието, сега повторно се враќа во Министерството за земјоделство. Николовски има тешка задача - да ја врати земјата на вистинските земјоделци, сосе субвенциите.

Дипломатијата и надворешната политика му припадна на Никола Димитров. Од преговарач во име на Бранко Црвенковски во спорот со Грција и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев. Добива „тежок“ ресор. Името и влез во Европската Унија се вечната тема за Македонија, за кои никако нема завршница.

На чело на Министерството за образование застанува универзитетски професор. Заев ја предложи Рената Десковска да раководи со овој ресор, а првиот чекор кој СДСМ вети дека ќе го исполни со стапувањето на власт е укинување на екстерното образование.

Социјалата ја доби Мила Царовска, која беше претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. Царовска ја чека напорна работа со сиромаштијата, маргинализираните групи, а во нејзиниот ресор е и армијата од пензионери.

За финансиите ќе се грижи Драган Тевдовски, вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. Тој ќе ја наследи испразнетата државна каса. Го очекува тежок период и долг список на кредити со кои е задолжена земјава.

За министер за транспорт и врски е предложен Горан Сугаревски. Тој беше еден од најактивните и најбунтовните пратеници во претходниот парламентарен состав. А, сега неговата енергија треба да ја насочи во изградба на патишта без провизии и градби без корупции.

По долги години министерување на Канчевска-Милевска, на нејзино место ќе дојде Роберт Алаѓозовски, кој беше претседател на Комисијата за култура во СДСМ. Ќе биде под силен притисок од јавноста за судбината на проектот Скопје 2014.

За министри без ресори тој ги предложи мандатарот се: Кочо Анѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска, Самка Ибраимовски и Зоран Шапуриќ.

На местото на Никола Тодоров доаѓа доктор Арбен Таравари, невролог на Клиниката за неврологија во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар во здравството најдобро ги знае симптомите кои треба да се зафати да ги лекува, оти тоа е најчувствителната тема која ги засега сите граѓани.

Градоначалникот на Липково, е предлогот на Ахмети за министер за екологија. Садула Дураку во времето на владата на Црвенковски беше министер за земјоделство, а сега ќе треба да се грижи и за природата и за здравјето на луѓето.

Од најмалку познатите ликови, а кој ќе треба да расчисти со „сваровски“ судството е Билен Салиу од ДУИ. Судовите, обвинителствата и законите  се задолженијата на новиот Министер за правда.

Министерството за економија ќе му припадне на Куштрим Бектеши. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции и Рамиз Мерко, кој два мандати беше градоначалник на Струга, сега ќе биде министер без ресор.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа