29 Април, 2024
0.0243

Нова реформа во фитосанитарната област

Објавено во: Агробизнис 23 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата започнува со спроведување на голема реформа на фитосанитарната област во делот на земјоделството со цел да се обезбедат поквалитетни земјоделски производи, а со потоа да се добие и поголема заштита на здравјето на луѓето. -Целта на реформата е да се подобри и заштити квалитетот на семенскиот материјал, пестицидите и ѓубривата кои се употребуваат, што ќе значи економски профит за земјоделците и заштита на здравјето на населението, односно ќе се оневозможи економска штета за земјоделците од неквалитетниот семенски материјал и ќе се влијае на оневозможување на наштетување на здравјето на луѓето“, вели портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Реформата предвидува телефонскиот бројот на Државниот инспекторат за земјоделство да биде напишан на секое место каде се купуваат репроматеријали за земјоделството. Потоа, за првпат се воведува мониторинг програми и задолжителен број на контроли на репроматеријалите. Трето, реформата предвидува вработување на нови инспектори во фитосанитарната инспекција со цел да се зголеми контролата. -Четврто, за двојно се зголемија глобите кои се предвидени со законите, а кои значат санкција за незаконско и непрописно однесување во оваа област, дезавуирање на законите и отстапувања од она што е декларирано со она што е суштина, а за десет пати се зголемија глобите за физичките лица, со цел да се сузбие недозволената трговија со земјоделските репроматеријали која се врши од страна на физичките лица“, вели Ѓорѓиев. Ѓорѓиев најави измени и во Кривичниот законик каде ќе биде предвидено и кривично дело “неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми“. Покрај санкциите, Владата со реформата предвидува и стимулација односно субвенција од пет денари за произведен и продаден единица расад од современ репро центар за производство на расад и 50 отсто покривање на трошоците за изградба на современи репро центри за производство.    

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?