НОВА ПРЕПОРАКА ОД НАДЛЕЖНИТЕ: Да не се патува кон Белгија
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Министерство за здравство им порачува на граѓаните да не се патува кон Белгија.
Поради состојбата со COVID-19, согласно препораките од релевантните домашни и меѓународни здравствени институции, препорачуваме нашите граѓани непотребно да не патуваат во Белгија, информираа од МЗ.
Во оваа земја денеска е регистриран првиот смртен случај.
Претходно, македонските власти советуваа да не се патува во Италија, земја каде вирусот однесе многу животи.
Во регионот, смртни случаи има во Албанија и Бугарија.
Во светот досега се регистрирани 121.757 луѓе заразени со коронавирус. Починати се 4.389, а оздравеле 66.988.