СРБИЈА НЕ ГИ ПУШТА ДА ПОМИНАТ - Македонци од Италија не можат да си дојдат дома
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020 15:16
Неколку Македонци што живеат во Италија не можат да се вратат во својата земја.
Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, новите мерки не се применуваат само во патничкиот, туку и во товарниот сообраќај, поради што од граничните премини се вратени и неколку камиони.
Српските гранични служби ја имаат потребната заштитна опрема – ракавици, маски и средства за дезинфекција, а по потреба користат и заштитни костими.
Српските државјани кои доаѓаат од Италија подлежат на сите мерки на заштита, како и другите патници. По контрола на санитарната инспекција, досега немало потреба да се преземат дополнителни мерки за надзор.
Од вчера, во Србија привремено се укинати летовите од земјите кои се жаришта на вирусот, меѓу кои се Италија и Швајцарија. Кога станува збор за аеродромите, странските државјани кои доаѓаат од државите каде што коронавирусот е жариште, не можат да ја поминат граничната контрола, каков што беше случајот вчера, кога од нишкиот аеродром беа вратени сите странски државјани кои пристигнаа во Србија од италијанскиот град Бергамо, додека српските граѓани беа упатени во домашна самоизолација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





