НОВА ПОНУДА: Макрон сепак нема да го остави Балканот?
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2019 16:15
Франција има нова идеја, a претседателот Емануел Макрон му нуди специјално партнерство на Балканот.
Земјата започнала неофицијални дипломатски консултации за да на некои земји од Западен Балкан им понуди привилегирано специјално партнерство.
На земјите од Западен Балкан би им била дадена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други бенефиции, во замена за тивко откажување од полноправно членство.
Јан Маринус Виерсма пак од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.
Виерсма вели дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот.
На Македонија и Албанија ЕУ ќе се наврати на самитот во Загреб напролет.Земјите членки ја критикуваа Франција за ветото и сметаат дека е направена историска грешка затоа што за Македонија и Албанија во Брисел не беше даден датум за старт на преговори.
Кристијан Тимоние, францускиот амбасадор во Скопје, најави дека Макрон ќе допатува во Скопје и Тирана за да ја објасни методологијата на проширување како концепт, кој засега останува поим кој не е доволно јразјаснет за Европа и за земјите од Западен Балкан.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





