29 Април, 2024
0.0281

НОВ ПРЕДЛОГ: Се спомена „пробно членство“ за Балканот

Објавено во: Македонија, Балкан 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Холандски експерт предлага „пробно членство“ на Балканот во Европската Унија. 

Тоа  ќе значи дека земјата кандидат нема право на глас, но може да учествува на состаноците и самитите на Унијата.

Јан Маринус Виерсма од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.

Виерсма вели дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот. 

„Ова може да ги охрабри земјите што се скептични во врска со новите членки, како што е Франција“, изјави Виерсма за порталот „Јуропијан вестерн балканс“, a пренесе агенцијата „Танјуг“.

Бара и повеќе инвестиции за овие земји. 

Вели дека за повеќето граѓани на ЕУ е проблем Турција да стане членка на ЕУ и тоа е една од причините зошто не сакаат проширување.

Холанѓанецот додава дека во Брисел преовладува мислењето дека воведувањето нови членки, предводени од авторитарни режими, би ги нарушило односите во самата Унија.

Смета дека претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ, се донекаде авторитативни,  албанскиот премиер Еди Рама го гледа како „голем шеф“ во Албанија, а за македонскиот премиер Зоран Заев, Виерсма рече дека има различен профил од останатите.

Македонија не доби датум за почеток на преговори. 

Европските пратеници жалат поради потегот на Франција, Данска и Холандија да ја блокираат одлуката и велат дека нашата земја и Албанија вложиле значајни напори во последните неколку години и ги исполниле критериумите на ЕУ за започнување на разговори за членство. 

Од балканските политичари, српскиот претседател Алексанадр Вучиќ порача дека земјите од регионот не треба да ја молат ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање