Добивај вести на Viber
Костим, достоен за шпионски филм , може да се појави наскоро на пазарот. На својот сајт, канадската компанија производител Garrison Bespoke уверува дека " без оглед на условите - дожд, сонце или снег , нашите клиенти се облечени во најдобрата облека , создадена токму за нивниот начин на живот " .
Очигледно клиентите на канадскиот кројач водат повеќе живот како Џејмс Бонд , отколку како просечен службеник на Волстрит , коментира Time . Всушност според портпаролот на компанијата тие замислиле да создадат оклопни костуми, откако нивни клиент бил застрелан за време на работа во странство .
Костумот е направен од неколку слоеви материјал врз основа на јаглеродни наноцевки , вградени во него . Материјалот е силен , полесен и пофлексибилен отколку вообичаениот кевлар .
За да ја покаже безбедноста на костимот , шефот на Garrison Bespoke лично го облече и ја натера екипата наизменично да нанесува удари со ловџиски нож. Освен тоа, материјалот може да издржи и стрелба со патрони Colt .45 . и 9 мм.
Цената на костимот кој чува од дожд и куршуми, сепак е предвидена за дефинитивно многу богати купувачи . Тој чини 19 160 долари.