15 Мај, 2024
0.0358

Нова група практиканти ќе се доусовршуваат во ОКТА

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Нова група практиканти добија можноста теоретското академско знаење практично да го применат на реални работни задачи како дел од програмата за практиканти на ОКТА. Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите луѓе да се изградат во професионалци и да станат конкурентни на пазарот на трудот.

 Nova grupa praktikanti vo OKTA_1

ОКТА и оваа година останува доследна во поддржувањето на образовните процеси во земјава, нудејќи можност на младите професионалци да гоунапредат своето академско знаење преку пракса во меѓународна компанија. Нашето искуство покажа дека практикантската програма претставува одличен начин за студентите да одлучат дали одредена индустрија или професија е вистинската опција во која би ја развивале својата професионална кариера. Преку извршување на конкретни работни задачи под менторство на професионалци, во ОКТА практикантите ги развиваат своите лични и професионални вештинии имаат прилика да го искусат ритамот на работниот денвоедна динамична атмосфера.“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос.

Nova grupa praktikanti vo OKTA_4

Во текот на оваа програма практикантите ќе бидат ангажирани на работните задачи кои одговараат на нивниот образовен профил, во период од 3 месеци со полно работно време, а нивната практична едукација ќе биде надгледувана од ментори.

Селекцијата на кандидатите се одвива во неколку циклуси во кои се ценат постигнатите резултати во текот на академското образование, како и нивниот ентузијазам, амбиција и желба за унапредување и градење на успешна професионална кариера.

Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Во последниот циклус кандидатите се избираа од повеќе државни и приватни факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“