12 Мај, 2024
0.0277

Нова апликација на АЕК за надзор над операторите

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Сите информации од областа на електронските комуникации и радиодифузијата ќе имаат детален преглед, меѓу кои за мобилните оператори, програмските сервиси и пакети, законски обврски и за тековните активности и на регулаторните тела,  нуди на едно место заедничката веб апликација на Агенцијата за електронски комуникации и Советот за радиодифузија.
Апликацијата, што беше промовирана денеска, е надградба на Системот за електронски регистар на јавни телекомуникациски мрежи, како  резултат на Меморандумот за соработка помеѓу СРД и АЕК.
Целта на веб апикацијата е да овозможи стручен надзор на операторите во поглед на програмските сервиси и програмските пакети кои се реемитуваат. Преку постоечката ГИС платформа на АЕК, визуелизирање на територијата на која се реемитуваат програмските сервиси, со што се создаваат услови за дополнителни анализи на податоците за користење на услугите на операторите од страна на крајните корисници,  рече на презентацијата Зоран Трајчевски, претседател на СРД.
Апликацијата ќе овозможи и просторно мапирање на извршените стручни надзори, со цел тие да бидат рамномерно застапени на цената територија на државата, како и пристап до податоците преку интернет во кое било време и од кое било место што ќе овозможи поголема флексибилност и оперативност на стручната служба на СРД.
Соработката меѓу АЕК и СРД, укажа Трајчевски, во изработка на веб апликацијата овозможува заштеда во поглед на хардверски и софтверски капацитети кои се сместени на едно место. Заедничката платформа на која се поставени апликациите ги намалува тришоците за оперативно работење и одржување на двата система.
Според директорот на АЕК, новата содржина на која се поставени сите информации  од областа на електронските комуникации и радиодифузијата, ќе понуди дополнителен квалитет и ред во тие области.  Од наредната година, најави Роберт Орданоски, АЕК се преименува со е-агенција, со целосна дигитализација и нов начин на работа.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“