19 Мај, 2024
0.2806

Нов Volkswagen T-Roc R: Совршена комбинација на перформанси и дизајн

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Volkswagen ќе го претстави T-Roc во најмоќната R изведба на Меѓународниот саем на автомобили во Женева. Развиено од Volkswagen R, ова моќно возило располага со неколку импресивни податоци за ефикасноста: четирицилиндричен TSI мотор со капацитет од 2 литри и излезна моќност од 221 kW / 300 КС, како и вртежен момент од 400 Nm. Стандардната комбинација на DSG менувач со 7 брзини и погон на сите тркала, обезбедува одлично забрзување без губење на тракција. Volkswagen T-Roc R може да забрза од 0 до 100 км / ч за 4,9 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км / ч.


Спортската опрема (со спуштена суспензија) обезбедува идеално одржување на патот. Прогресивното управување е стандардно и има улога во агилноста на возењето; 17-инчниот систем за сопирање овозможува многу ефикасно запирање на возилото. Профилите на возење вклучуваат специјален тркачки режим, кој гарантира особено спортско искуство во возењето. Овие мерки се надополнети со функцијата за контрола на лансирањето (Launch Control), која обезбедува оптимална влечна сила за време на забрзувањето, а во исто време нуди и максимален вртежен момент со соодветна програма за управување со стабилноста. Функцијата за електронска контрола на стабилноста на ESC може рачно да се исклучи за да се обезбеди особено динамично возење на самата граница.


Спортските карактеристики на T-Roc R се потцртани со непогрешлив дизајн на надворешноста и во внатрешноста. Редизајнираната решетка на ладилникот има полиран сребрен појас од анодизиран алуминиум на долната страна кој ја нагласува целата ширина на возилото. Специфичниот дизајн на браникот е со иста боја како и автомобилот. Светлосните единици во вертикално поставените дневни светла се интегрирани во предниот дел. Задните браници вклучуваат визуелни излези за воздух во горниот дел и "R" дифузор во контрастна боја. Двосистемскиот издувен систем на левата и десната страна е специфичен за модел од R одделението на Volkswagen.

Ентериерот е спортски дизајниран под насоките на R одделот. Логото „R“ исто така се прикажува на грбот на седиштата. Кожниот мултифункционален спортски управувач и декоративно шиење во Crystal Grey, исто така, ја покажува својата спортска страна со логото „R“.


Новиот кросовер, модел кој врши спој на перформансите и дизајн, се базира наT-Roc, чии 200.000 единици веќе се продадени. Новиот T-Roc R го проширува широкиот опсег на компактен кросовер со решителен спортски модел за индивидуалисти кои придаваат исто толку значење на стилскиот изглед, како и на извонредните возни перформанси.



Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст