27 Април, 2024
0.0286

НОВ ВИРУС: Се појави кај доматите

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Се појави вирус на доматите ToBRFV и постои сомневање дека тој се појавил во оранжерија во Финистер во Франција. 

Mинистерството за земјоделство на Франција информираше дека постои „многу силно сомневање“ за постоење на вирус на домати во оранжерија во Финистер. Оваа болест наречена „доматен кафеав рапав овошен вирус“ или ToBRFV во нејзината скратена верзија, предизвика хаос во сите земји каде што тој се појави, јави дописникот на МИА.

Оранжеријата е ставена во целосен карантин. 

Уништувањето на сите растенија со домати во заразените стакленици ќе се изврши „штом официјално се потврди жариштето на вирусот“, соопшти Министерството.

Сепак, тој вирус нема никакво влијание врз луѓето. Може да се пренесе преку заразено семе, растенија и овошје и да преживее на отворено долго време.

Агенцијата за здравствена безбедност (АНСЕС), потврди дека вирусот на домат може да зарази до 100 отсто од растенијата на местото за производство. 

Овој вирус за прв пат е забележан во Израел во 2014 година, потоа е пронајден во 2018 година на доматските култури во Мексико, САД, Германија и Италија и во 2019 година во Холандија, во Велика Британија и Грција.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни