19 Мај, 2024
0.0308

Нов состав: Колкави се платите на Бислимовски и компанија

Објавено во: Економија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Се смени составот, но платите останаа исти. Новите членови на Регулаторната комисија за енергетика сепак земаат плати кои по висина се едни од најголемите во земјава. Во соопштение објавија точно колкави се нивните примања, но сумите се однесуваат за основните нето плати. Надоместоците не се вкалкулирани.

Нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика од јуни е Марко Бислимовски. И тој, како и неговиот претходник Димитар Петров ќе зема основна нето плата од 97.114 денари или 1.579 евра. Неговиот заменик Куштрим Рамадани има месечна нето плата од 91.276 денари (1.484 евра) исто колку што земаше и претходно кога му беше заменик на Петров во претходниот состав на Регулаторната комисија за енергетика.  

Но не се само тие. Уште петорица членови на Регулаторната комисија за енергетика земаат по 88.774 денари (1.443 евра) основна нето плата. Во актуелниот состав на комисијата членуваат Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев, Наташа Вељановска и Атанаско Тунески.

Во Регулаторната сепак се вработени и уште дваесетина други лица, во стручната служба и како технички персонал. Просечната плата по вработен е 45.110 денари.

Инаку, платите кои се повисоки и од тие на премиерот на пример, комисионерите ги заработуваат од контрола на пазар кои вреди милијарди. Според правилникот за работа, задолжени се да ги утврдуваат цените на горивата, струјата, парното и на водата.

Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспоива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. Според правилата, на членот на Регулаторната комисија за енергетика му престанува јавната функција или функцијата во политичката партија по сила на закон на денот на неговото именување.

А.Т. 


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници