НОВ СКАНДАЛ: Хуманитарци од Меѓународниот Црвен крст плаќале за проститутки
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2018
Меѓународниот Црвен крст отпуштил најмалку дваесет хуманитарци откако било откриено дека тие платиле за сексуални услуги додека биле распоредени во мисија. Организацијата прецизира дека дел од хуманитарците биле отпуштени, а дел поднеле оставка по откривањето на скандалот.
Најновите откритија се случуваат во период кога хуманитарниот сектор е погоден од бројни обвинувања за сексуално малтретирање и експлоатирање на вработените. Ив Дакорд, директорот на Меѓународниот Црвен крст, изјави дека токму овие откритија ја потикнале Организацијата, со седиште во Женева, да спроведе внатрешна проверка. Со правилата на Организацијата од 2006 година строго е забрането купување на сексуални услуги, пренесува Би-би-си.
- Ова е предавство на луѓето и заедниците за кои сме таму да им служиме. Тоа е против човековото достоинство и би требало да бидеме поревносни за спречување на ваквата појава - порача Дакорд.